• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Кога системот молчи, насилниците гласно говорат

    Кога системот молчи, насилниците гласно говорат

    • Категории Активности
    • Датум декември 20, 2023

    Автор: Иван Кузмановски

    Современиот начин на комуникација, интернетот и социјалните мрежи го променија начинот на кој функционираат медиумите, но во исто време го променија и начинот на кој заканите стигнуваат до новинарите. Сега, секој може со само неколку клика на мобилниот телефон да испрати порака со било каква содржина.     

    Дали новинарите имаат соодветни услови за работа покажуваат статистиките на институциите и извештаите на меѓународните организации.

    Во глобалниот индекс за слобода на новинарите на „Репортери без граници“ за 2023 година Северна Македонија се најде на 38 место во светот, но со најлоша оценка за безбедносниот индикатор.  Во извештајот се посочува и на проблемите со кои се соочени новинарите во Северна Македонија.

    Новинарите редовно се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие може да бидат изложени на правен притисок и навредливо гонење (постапки за замолчување или SLAPP), се наведува во извештајот за 2023 година во делот посветен на безбедноста.

    • Дека работите не се така добри, посебно во делот на закани примени преку интернет  потврдува и статистиката на МВР. Ако во 2019, 2020 и 2021 година имало вкупно 23 пријави, само во првите десет месеци од 2023 година во полиција биле примени десет пријави за закани врз новинари или секој месец по еден случај.
    • Во текот на 2023 година во МВР има 10 пријави поврзани со закани за напади на новинари/медиумски работници и примени пораки со навредлива содржина преку интернет кон новинари.
      По однос на истите од страна на МВР  известено е Основно јавно обвинителство и согласно добиените насоки од нивна страна преземени се соодветни мерки, велат во краткиот одговор од службата за односи со јавност во МВР.

    Бројките на МВР не се поклопуваат со податоците кои ги добивме од јавното обвинителство. Од таму велат дека имаат само шест предмети поврзани со новинари оваа година.

    Од вкупно 6 предмети поврзани со безбедноста на новинарите, евидентирани од јавните обвинителства низ државата од почетокот на годинава, во 2 веќе имаме изречена пресуда. Во уште два предмети е поднесено обвинение (од кои во еден се очекува пресуда врз основа на дадено признание на вина на првото рочиште). Тоа значи дека четири предмети од аспект на обвинителството се решени со соодветна одлука. Во преостанатите 2 исто така е постапено и дадени се конкретни насоки за откривање на сторител на кривично дело, велат од ЈОРМ.

    Од обвинителството посочуваат дека во половина од предметите (3 од 6) жртвите се новинарки.

    • Физички напад на телевизиска екипа на Алсат ТВ во Старата скопска чаршија (меѓу оштетените има новинарка) – поднесено е обвинение.
    • Закани за новинарка на Алсат ТВ на социјална мрежа Твитер – дадени насоки до МВР за откривање на сторител на кривично дело преку соодветните канали за добивање податоци од социјалната мрежа.
    • Говор на омраза  преку компјутерски систем со објави на веб портал во кои меѓу другите се таргетираат и 2 новинарки – изречена пресуда.

    Од овие вкупно шест предмети во 2023 година, четири се поведени за закани по пат на електронски комуникации, односно станува збор за една закана по телефонска комуникација и останатите три преку интернет и социјални мрежи. Во два предмети како што посочуваат од ЈОРМ веќе е изречена пресуда, а во два се трага по идентитетот на сторителот на кривичното дело.

    Со навредливи, заканувачки, а најчесто и сексистички пораки преку интернет, иако не го пријавуваат, се соочуваат голем број од новинарките. Едноставно истражување во редакција покажа дека две од три новинарки кои одговориле на прашањето редовно добиваат сексистички пораки и закани. Сепак и тие самите се свесни дека молкот може да биде причина онлајн заканата да стане офлајн напад.

    • Ние новинарките сме постојано изложени на вакви пораки, навреди и недолични коментари, дополнително што и секојдневно сме меѓу граѓаните па не можеш да бидеш сигурен дали некои од тие личности кои испраќаат такви пораки можеш да ги сретнеш на улица и како ќе реагираат. Затоа потребно е гласно да се говори на што се подложни жените новинарки додека известуваат, вели новинарката Ивана Соколовиќ Најдова.

    Токму од такви пораки во сандачето на социјалните мрежи често е згрозена и новинарката Ивана Соколовиќ Најдова која долги години работи на внатрешно политички теми и односите поврзани со соседите како и евроинтеграциите.

    Воопшто не е пријатно да добиете пораки од личности кои воопшто не ги познавате, а кои без никаква задршка ви испраќаат сексистички пораки, а уште и најавуваат што би направиле доколку ве видат во живо. За среќа досега не се случило ништо, но искрено многупати сум била исплашена на кого се можеш да налеташ додека си на работна задача, вели Ивана, која посочува дека досега нема поднесено пријава во надлежните институции. 
    Не сум ги пријавила во институции, од причина што пораките кои пристигнале на социјалните мрежи во spam доцна сум ги отворила, па дури и по неколку месеци. А и недовербата дека надлежните ќе постапуваат соодветно си го прави своето. Дополнително што и често таквите сексистички пораки стигнуваат и од лажни профили, но пријавени се до фејсбук како сомнителни профили, додава Ивана.

    • Има и новинарки кои заканите веднаш ги пријавиле во МВР, но и по неколку години нема никаков резултат. Тања Милевска која долги години беше дописник за повеќе македонски медиуми од Брисел, иако веќе не работи новинарство сведочи за она што нејзе и се случувало на социјалните мрежи, но и за искуството со институциите. Таа вели дека се довела во ситуација да се плаши да го отвори телефонот од она што може да го прочита, а сето тоа влијаело на нејзината работа и начинот на кој известува односно до автоцензура.
    • Имаше три бранови на закани преку социјални мрежи. Првиот поврзан со изборите 2020 година од партиски симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, по што имаше бран на закани од гејмерска заедница и уште еден бран околу приемот на  бегалци од Авганистан. Пораките беа навистина грозни и јас во сите овие случаи поднесов пријави во МВР. Пред две години отидов и во сајберската единица од каде од инспекторот добив информација дека се е поднесено во обвинителство. МВР својата работа си ја заврши, вели Милевска која се сомнева дека обвинителството е тоа кое ги става предметите во фиока.

    Од обвинителството пак тврдат дека проблемот со заканите на социјални мрежи е предизвик во нивното работење бидејќи мора да ги користат алатките за меѓународна соработка и заканувачот кој најчесто ги праќа пораките од лажен профил треба да биде идентификуван од компанијата на чија социјална мрежа е профилот.

    Во одреден број кривични предмети, особено кога делото е извршено преку интернет и социјални мрежи регистрирани во странство, претставува предизвик идентификацијата на сторителите. Истражните органи во таквите случаи се обврзани да ги користат каналите за меѓународна соработка, ограничени се од нормите на националното законодавство на земјите во кои се регистрирани тие социјални мрежи и кои имаат свои правила за заштита на слободата на говор, како и од краткиот рок во кој се чуваат податоците неопходни за идентификација. Од тие причини, најважна е брзината на пријавувањето на ваквите дела со цел навремено обезбедување на доказите, велат од ЈОРМ.

    Институциите се должни да постапат по секоја пријава, но без брза реакција немаат многу можности, времето оди само во корист на заканувачите кои колку што лесно ги праќаат пораките, толку лесно може да го избришат и профилот на социјалните мрежи поради што апелот е заканите да се пријават веднаш.  

    Проблемите со кои главно се соочуваат новинарките кај нас и кои не ретко ги тераат да бидат „супер жени“ е проблем со кои се соочуваат и новинарките во земјите од регионот. Ова го потврдува истражувањето на центарот за истражувачко новинарство од соседна Србија, а кое се однесува на условите во кои работат истражувачките новинарки во Србија, Црна Гора и Северна Македонија. Во заклучоците од ова истражување се посочува на проблемот овој вид на насилство да се препознае како таков.

    Различните форми на насилство над жените во општеството (коментари за изгледот и приватниот живот, наметливо додворување, непримерно покажување на внимание и сл.) често се толку нормализирани што дури и не се препознаваат како насилство, стои во заклучокот.

    Истражувањето ги покажало и јасните разлики во пораките кои ги добиваат на интернет односно на социјалните мрежи новинарките за разлика од пораките кои ги добиваат нивните колеги мажи.

    Додека мажите се изложени на негативни оценки за сработеното, работата на новинарките во главно не се коментира туку, акцентот е ставен на нивната сексуална привлечност и проценки за тоа во колкава мера тие се „вистински жени“, што е уште една врста на порака дека местото на жените не е во јавната сфера и посредно, дека нивниот ангажман е последица на некакви нивни „недостатоци“ како жени. Во таа смисла, сексуалното вознемирување, сексистичките коментари и навреди се појавуваат како санкција за пречекорување на женската родова улога и обликувани се во легитимирање на поширокиот социо-културен контекст за патријархална доминација, се наведува во заклучоците од ова истражување.

    Дека големата слика која е застапена во општеството во голем дел влијае врз проблемот потврдува и новинарката Ивана Соколовиќ Најдова.

    Мора да се надмине прагот од тоа дека таквите пораки и навреди се дел од нашата работа. Кога институциите поангажирано ќе постапуваат на пријави за сексизмот, ќе има и поголема доверба за истите да бидат и пријавувани, вели Ивана Соколовиќ Најдова.

    Ваквите навреди и закани често се дел од оркестрирани кампањи кои имаат за цел да ги замолчат новинарките, да предизвикаат автоцензура, да ги отстранат од социјалните мрежи, а не ретко и да бидат причина да ја напуштат професијата.

    Со цел да им помогнат на новинарките за поголема безбедност на интернет во март годинава ЗНМ и МВР подготвија „Протокол за безбедност на новинарките на интернет“ кој нуди практични совети како да постапат кога се предмет на закани на интернет. Овој протокол во чекори и детално ја објаснува постапката која треба да ја следат жртвите на он-лајн закани и навреди.

    Новинарките секогаш се во првите борбени редови кога се нарушени правата на граѓаните, кога е потребно некому да се помогне или да се заштитат интересите на државата. Време е системот да покаже колку се важни нивните права и да ги охрабри гласно да зборуваат за нив и да не молчат за навредите и заканите за да има кој да ги брани и штити правата на сите останати.  

    Фото: И.К

    Овој новинарски текст е изработен во рамките на проектот „Стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP) се шлаканица за граѓаните и за јавниот интерес“ поддржан од УНЕСКО. Употребените назнаки и презентацијата на материјалот во овој текст не подразбираат изразување на какво било мислење од страна на УНЕСКО во врска со правниот статус на која било земја, територија, град или област или тамошните власти, или во врска со разграничувањето на граници. Авторите се одговорни за изборот и презентирањето на фактите содржани во овој текст и за изразените мислења, кои не се нужно оние на УНЕСКО и не ја обврзуваат Организацијата.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ОБЈАВЕН МЕТА ДАТА ИЗВЕШТАЈ - ПРАВАТА НА НОВИНАРИТЕ, СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И НЕЗАВИСНОСТА НА МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    декември 20, 2023

    Следен

    Презентација на анализата: Како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPP)
    декември 21, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (3)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?