• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Како против странската пропаганда во медиумите – обуки за медиумски работници 

    Како против странската пропаганда во медиумите – обуки за медиумски работници 

    • Категории Активности
    • Датум ноември 30, 2023

    Изминатите неколку дена во рамките на активностите кои се дел од проектот „Спротивставување на странската пропаганда и дезинформации преку јакнење на капацитетите на медиумите и новинарите“ се одржа обука со триесетина новинари и медиумски работници. Обуката беше реализирана помеѓу Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ЕСТИМА и Амбасадата на САД во Скопје. 

    На темата свои излагања имаа Максим Саморуков кој е европски експерт за руска пропаганда и поранешен руски новинар и Ана Крстиновска која е експерт за односите меѓу Кина, ЕУ и Западен Балкан. 

    Во последниве години, Македонија се најде на крстопатот на конкурентните геополитички влијанија, особено од Русија и Кина. Русија, која историски има силни културни и историски врски со регионот, се обиде да го задржи своето влијание во Северна Македонија преку дипломатски канали и економски ангажмани. Додека кинеското присуство е првенствено економско, тоа има потенцијал да влијае на геополитичкиот пејзаж, обезбедувајќи си зголемена моќ во регионот. Додека земјава се движи низ оваа сложена мрежа на различно влијание, таа мора внимателно да ги балансира односите и со Русија и со Кина, истовремено земајќи ги предвид импликациите од таквите ангажмани врз нејзината долгорочна политичка и економска стабилност. 

    За време на обуките, фокусот беше задржан и на специфичностите, разликите и синергиите меѓу кинескиот и рускиот пристап во македонски контекст. Во рамките на ова беше одржана и работилница на која задачата беше да се открие без помош на интернет, за каква пропаганда станува збор, дали има кинески и руски дезинформации во текстовите.  

    Поточно, учесниците требаше да наведат извор од каде што мислат дека е дадена информацијата, клучни поенти на текстот, таргет публика, дали препознаваат дезинформации, полувистинити и затаени информации. 

    По завршување на вежбата, новинарите учесници заедно со предавачите развија дискусија каде што тема беше токму руското влијание, колку е тоа присутно во земјава и во регионот, споделувајќи лични ставови и видувања.  

    Од страна на обучувачите беа споделени разликите помеѓу кинеската и руската пропаганда каде што беше истакнато следново: кинеската пропаганда има долга традиција на делување во рамките на земјата, но се уште екстерно делување е во процес на учење, ширење на позитивна перцепција за вестите од Кина и критичката цензура. Што се однесува до руската пропаганда, меѓу другото беше кажано дека тука карактеристично е тоа што има долга традиција на научен пристап во врска со ширење на дезинформации и лажни вести за опонентот, вмешување во внатрешните работи на други земји, како и поддршка од разузнавачките служби. 

    Ваквите обуки се наменети за новинари кои секојдневно известуваат на теми од дома и светот, од традиционалните и онлајн медиумите кои користат интернет канали за комуникација. Целта беше да се добие дополнително знаење за препознавање на надворешно влијание и одбегнување на истото при презентација на вестите пред јавноста. Во претстојниот период учениците ќе бидат поканети да работат на колаборативни медиумски продукти на темата, а резултатите ќе бидат објавени наскорo. 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и СЕММ: Апелираме на крајна внимателност и етички баланс во вестите поврзани со исчезнатото девојче
    ноември 30, 2023

    Следен

    Реализирана обука на темата вештини за преговарање за членките на SafeJournalists мрежата
    декември 1, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?