Како изгледаше летниот камп за млади новинари во Охрид (ВИДЕО)

Темите кои беа разработени и на кои се разви дискусија помеѓу учесниците и предавачите за време на летниот камп во Охрид кој беше во организација на ЗНМ и ОБСЕ, беа родовата еднаквост во медиумското известување, иднината на медиумите, искуства и пракса во раскажувачкото новинарство и новинарството во дигиталната ера.
Целта на едукативната обука беше преку дружење и размена на искуства и вештини да придонесе кон градење на капацитетите и унапредување на професионалните стандарди на младите новинари во редакциите.
Одлична соработка помеѓу предавачите и учесниците која може да се забележи и слушне од нивните изјави во видеата кои следуваат во продолжение, а истите можат да се погледнат и на YouTube каналот на ЗНМ