Како да се остане безбеден при покривање протести – Thomson Media

Во последните неколку години, бројот на насилни протести во регионот се зголеми, како и бројот на инциденти во кои биле инволвирани новинари кои известувале од местата на случување на демонстрации и протести. Насилството не го вршат само незадоволни граѓани, туку и припадници на полициските сили па затоа, при известување од терен, од суштинско значење е да бидете подготвени и да останете безбедни. Ова е тежок предизвик за новинарите за кои секогаш приказната е на прво место, а прашањето за безбедноста доаѓа во втор план. Сепак, вештините кои можете да ги научите, како да ја „прочитате“ толпата и како да препознаете потенцијална опасност може да ви го спасат животот.
Работејќи со искусната новинарка Наташа Ковачев, која известуваше за многу протести во земјите од Западен Балкан и низ цела Европа, заедно со тим на меѓународни и регионални експерти, Томсон Медиа разви курс што ќе ви помогне да се подготвите подобро да известувате од протести и како да реагирате ако тие станат насилни. Онлајн курсот на Томсон Медиа ќе се осврне на подготовките пред одење на терен како и на справување со последицитете од насилните протести давајќи практични совети за тоа како да се заштитите за време на демонстрации, како да комуницирате со полицијата или што да направите во случај да бидете уапсени.
Во текот на нашиот курс ќе:
- Ќе научите зошто известувањето од протести стана една од најризичните работи во новинарството.
- Ќе откриете како стои Западниот Балкан во однос на безбедноста на новинарите кога известуваат од протести во споредба со останатиот дел од светот.
- Ќе научите за можните опасности со кои ќе морате да се соочите ако известувате од насилни протести.
- Ќе научите како подобро да планирате пред да одите на терен, за што треба да бидете свесни, што да понесете со себе и каква заштитна опрема може да ви биде потребна.
- Ќе научите како да се справите доколку дојдете во контакт со солзавец, како да ѝ се обраќате на полицијата, како да се однесувате во случај на стампедо.
- Ќе ви бидат претставени вашите законски права како новинари – што можете да снимате или фотографирате и што може и што не може полицијата да бара од вас да направите.
- Ќе ви бидат претставени техники за дигитална безбедност, како да го заштитите телефонот или компјутерот и како комуницирањето да ви биде безбедно и шифрирано.
Ќе научите како да го минимизирате стресот и како да ги препознавате знаците кои ви покажуваат дека е време да побарате професионална помош.
Запознајте ги инструкторите

Наташа Ковачев вашата инструкторка на курсот, е искусна репортерка која покривала многу протести во земјите од Западен Балкан и низ Европа. Таа моментално работи за телевизијата Н1 од Србија, а претходно беше дописник за „Ал Џазира Балканс“. Работата на терен ја довела до многу точки на превирања и немири како Украина во 2014 година, Брисел и Анкара по бомбашките напади, Букурешт за време на големите демонстрации против корупцијата, па таа лично видела кои се потешкотиите со кои може да се соочат репортерите.
На Наташа ќе ѝ се придружи силен тим на медиумски експерти:
![]() | ![]() | ![]() |
Џудит Матлоф – новинарка, долгогодишен воен дописник, медиумски експерт за безбедносни прашања и професор за известување од кризни ситуации на постдипломски студии по новинарство при Универзитетот „Колумбија“. | Андреј Петровски – директор на Tech/CERT во фондацијата SHARE. Завршил основни студии од областа на софтверско инженерство како и магистерски студии од областа на компјутерски криминал и дигитална форензика. | Иван Брешковски – независен адвокат во областа на граѓанско и кривично право и советник на Здружението на новинари на Македонија во врска со новинарските права и слободи. |
Регистрирајте се и запишете се сега. Посетете ја страницата Како да се остане безбеден при покривање протести За повеќе информации во врска со нашиот онлајн курс за мобилно новинарство, контактирајте со Маја Васиќ-Николиќ на: majavn@thomsonfoundation.org