• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2022
      • Прес клипинг 2021
      • Прес клипинг 2020
      • Прес клипинг 2019
      • Прес клипинг 2018
      • Прес клипинг 2017
      • Прес клипинг 2016
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2022
        • Прес клипинг 2021
        • Прес клипинг 2020
        • Прес клипинг 2019
        • Прес клипинг 2018
        • Прес клипинг 2017
        • Прес клипинг 2016
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ИРЛ, Радио МОФ и Види Вака наградени за новинарски стории на тема поврзани со загадувањето на воздухот

    ИРЛ, Радио МОФ и Види Вака наградени за новинарски стории на тема поврзани со загадувањето на воздухот

    • Категории Активности
    • Датум декември 16, 2021

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ги додели наградите на тема: „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

    Првата наградата е доделена на тимот од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за истражувањето насловено како „Заговор против воздухот“.

    Втората награда беше доделена на новинарот Бојан Шашевски од Радио Моф  за мулти медијалниот продукт со наслов „Децата ни се жртви на арсенот – рударскиот локалитет „Лојане“ фатален за жителите од липковските села“ а третата награда се додели на Христина Ѓорѓиевска од Види Вака за истражувањето насловено како „Заробените бели дробови на градот“.

    Покрај наградените, посебно признание му беше врачено на Асдрен Челику  од МРТВ за иновативни и креативни видеа со образовен пристап кои придонесуваат за кревање на свеста кај децата за важноста за здрава животна средина.

    На свеченото доделување на наградите се обрати Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Н.Е.Г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгстон – Амбасадор на Шведска во С.Македонија и Армен Григоријан, Постојан Претставник на УНДП.

    Претседателот на ЗНМ Чадиковски во своето поздравно обраќање кажа: „Сведоци сме на зголемувањето на процентот на загаденост, свесни сме за последиците од истото, но се чини дека секогаш е потребна информација плус која ќе не држи будни. Токму затоа, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со УНДП го објави овој конкурс со цел да помогнеме во подигањето на свеста за постоечкиот проблем и најдобрите начини за негово решавање. Од аспект на јавноста ова е еден поттик и за новинарите да влезат во сржта на проблемите кои го тиштат општеството. Загадувањето во земјава е во тесна корелација со корупцијата, во спрега на моќниците, а последиците ги трпиме сите. Ако ние новинарите сме гласот на јавноста за која работиме тогаш сум сигурен дека во следниот период многу посуштински ќе треба да се занимаваме со овие теми.“

    Амбасадорката на Шведска, Н.Е.Г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгстон рече: ,,Денеска сакам да ја истакнам поддршката на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје“. Ова го спроведува УНДП и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и градот Скопје. Со овој проект се стремиме да се справиме со загадувањето на воздухот и да ја подобриме соработката со граѓаните, бизнисите и академската заедница за намалување на загадувањето на воздухот во земјата. Другата компонента во овој проект е да се подигне јавната свест. Тоа е и причината што денеска се собравме овде, на оваа церемонија на доделувањето на наградите. Исто така сакам да потенцирам дека медиумите имаат многу важна улога кога станува збор за подигање на свеста –“ потенцираше Бенгстон.

    Армен Григоријан, Постојаниот Претставник на УНДП нагласи дека чистиот воздух е витален за животот на земјата исто како и чистата вода. „Чистиот воздух е едно од основните барања на човековото здравје и благосостојба. Контролата и намалувањето на загадувањето на воздухот мора да бидат приоритет за сите. Сакам да им честитам на наградените и на сите медиуми кои учествуваа за нивната успешна работа. Оваа награда покажува дека високо го цениме придонесот и едукативната улога на медиумите во промовирањето на теми како што е загадувањето на воздухот. Медиумското покривање, порастот на медиумскиот ангажман на темата за загадениот воздух игра важна улога во влијанието на јавното мислење и зголемувањето на очекувањата на граѓаните  во однос на активноста за подигнување на свеста за чистиот воздух“.

    Горан Михајловски, претседателот на Комисијата за избор за награди се заблагодари на пријавените учесници на конкурсот и рече дека секоја од наградите била донесена со едногласна одлука од целата комисија. Тој укажа дека состојбата во новинарството, во помалите редакции е таква што ретко кој посветува внимание на истражувачките стории, заради трката со време и битката за пари, кадар. „Благодарение на овој конкурс, успеавме да добиеме квалитетни авторски дела за кои како комисија едногласно одлучивме дека заслужуваат награда“, истакна Михајловски.

    Целта за јавниот повик за истражувачки стории е да се подигне свеста за постоечкиот проблем со загадувањето и најдобрите начини за негово решавање. Јавниот повик имаше неколку критериуми според кои беа оценувани апликантите вклучително и автентично авторско дело со цел да се подигне јавната свест за теми поврзани со квалитетот на воздухот и аерозагадувањето и да биде објавен на медиум регистриран во земјава, традиционален или онлајн во период од јануари 2020 година до септември 2021 година.

    Оваа активност е имплементирана од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНм) и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“. Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Формирана е секција на млади новинари при ЗНМ
    декември 16, 2021

    Следен

    СЈ: Во Тирана нападната млада новинарка
    декември 17, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    слика-2-за-работна-група-18.05.2022
    ЗНМ: Средба на работна група за креирање на Протокол за спречување на кршење на правата на новинарките преку интернет
    19 мај, 2022
    Mladen Utrinski brifing slika
    Чадиковски: Повикувањето на новинари и медиумски работници на службен разговор во полиција поради објавен текст води кон цензура и самоцензура кај новинарите
    17 мај, 2022
    slika 1
    Средба на новинари и медиумски работници од Штип
    16 мај, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?