Индекс на безбедноста на новинарите на Западен Балкан Република Северна Македонија – Наративен извештај 2022

Презентиран Индексот на безбедноста на новинарите на Западен Балкан Република Северна Македонија – Наративен извештај 2022
Индексот се однесува на 2022 година и се потпира врз истражувачки податоци, собрани и анализирани од партнерите на платформата на новинарски здруженија од Западен Балкан „Safejournalists.net“, врз основа на ригорозна истражувачка процедура. Собраните податоци за неколку различни сфери поврзани со „безбедноста на новинарите“ се изработени во форма на индикатор – Индекс на безбедност на новинарите, со цел преку бројки да се измерат промените во седумте земји од Западен Балкан за минатата година.
Индексот за безбедноста на новинарите на Западен Балкан е објавен на македонски и англиски и албански јазик