Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ ја потпиша Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници

ZNM
Thursday 30 January, 2020Thursday 30 January, 2020/ Thursday 30 January, 2020

Здружението на новинарите на Македонија денеска даде поддршка и ја потпиша Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници која ја иницираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) следејќи ги насоките на Европската федерација на новинарите.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја потпиша Повелбата нагласувајќи дека новинарството е една од потешките, постресните и поодговорните професии. „Без квалитетни новинари и без квалитетно новинарство не можеме да имаме добро информирана јавност. Тоа не враќа кај условите за работа на новинарите бидејќи не може да имаме добро информирана јавност доколку новинарите работат во тешки и небезбедни услови“, рече тој и додаде дека Здружението на новинарите на Македонија секогаш ќе биде тука да излезе во пресрет и да даде поддршка за целосно имплементирање на Повелбата. „Ќе помогнеме дури и за проширување и надградување на истата бидејќи новинарството е динамична професија и нештата брзо се менуваат во овој сектор“, истакна Чадиковски.
Претседателот Чадиковски ги поздрави и двата нацрт договори кои беа презентирани на истиот настан, а се однесуваат на вработувањата во онлајн медиумите. Тој рече дека ќе се заложи да ги убеди онлајн медиумите кои се дел од Регистарот на професионалните онлајн медиуми да ги преземат овие нацрт договори и да ги подобрат условите за работа на своите вработени.  „Истовремено ги повикувам и традиционалните медиуми да ги разгледаат двата договори и да ги преземат работите кои можат да се вметнат како дополнување на постоечките нивни договори, бидејќи ова може да биде еден значаен чекор за враќање на достоинството на новинарската професија и претставува приклучок кон европските трендови за регулирање на работните односи за новинарите“, рече Чадиковски.
Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: