ЗНМ ја поздравува брзата реакција на МВР за приведување на напаѓачот на новинарската екипа

Во основното училиште ,,Наим Фрашери” во околината на Гостивар, за време на снимањето инсерти за репортажа, денеска околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.
ЗНМ веднаш реагираше со објава и побара брза реакција од Министерството за внатрешни работи. Непосредно по инцидентот, а по претходна пријава во полициска станица е приведен 59 -годишниот Б.Е од с. Ѓурѓовиште, за претходна закана со напад врз 23 годишниот новинар.
Заштитата на новинарите и нивната безбедност е предуслов за информирање на граѓаните, посебно во мали средини, со цел да постои поглема присутност на теми кои се од локален јавен интерес.