• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Обидот за внесување страв и самоцензура кај новинарите нема да успее

    ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Обидот за внесување страв и самоцензура кај новинарите нема да успее

    • Категории Соопштенија
    • Датум август 19, 2023

    Новинарските и медиумски здруженија најостро ги осудуваат грубите навреди и дисквалификации кон новинарите на ИРЛ во денешното соопштение до медиумите на компанијата ,,Брако”, а во врска со најновата епизода на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловена како ,,Убиство во Тетово“.

    Авторот на ова соопштение, наместо да и образложи на јавноста, односно да демантира поединечни тези од емисијата, и да даде одговори за сериозните обвинувања, за кои има и тековни постапки на истражните органи, прави обид за цензура. Според тонот на соопштението, очигледно е дека целта е јавна дискредитација на критичките новинари и создавање култура на страв при спомнување на економски моќни компании:

    ,,…монструозни идеи на групата ИРЛ, која со последната лажна конструкција покажа дека е срам за луѓето кои професионално работат во новинарството и дека недвосмислено станува канцер за здравото економско ткиво на државата”, се вели во дел од соопштението.

    Ваквиот начин на комуникација недвосмислено претставува притисок кон истражувачкото новинарство и обид за обесхрабрување на сите новинари и медиуми да се интересираат и да истражуваат теми кои се поврзани со корупцијата, владеењето на правото и злоупотребата на позицијата на моќ. 

    Потсетуваме дека изминатава недела имаше неколку реакции (меѓу кои и од јавното обвинителство) кои се однесуваа на споменатата истражувачка сторија, и сите, наместо укажување или демантирање на објавените информации изобилуваа со дискредитации и навреди што е недозволива јавна комуникација.

    Ги повикуваме и медиумите да имаат општествена одговорност, да работат во интерес на јавноста и граѓаните, и да не подлегнуваат на притисоците кои економски моќници ги вршат врз сопствениците на медиумите. 

    За сево ова, за притисоците врз истражувачките новинари, за обидите за креирање на атмосфера на страв и недоверба кон медиумите, еснафските здруженија од Македонија ќе ги информираат и партнерските здруженија, Меѓународната и Европската федерација на новинари. 

    Потсетуваме дека доколку било кој граѓанин, вклучително и сопственици на компании или обвинители кои имаат некаков проблем со медиумска објава од било кој медиум, постојат законски механизми за заштита, како што е барање на исправка или демант. Освен ова на располагање се и медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Поднесена пријава до МВР за заканите на интернет кон новинарите на ИРЛ
    август 19, 2023

    Следен

    ЗНМ: Нападнати новинари, повреден снимател од АЛСАТ, бараме итна реакција од МВР
    август 21, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка
    7 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува попречувањето на работата на снимателот на ТВ Тера и бара итно постапување од МВР и ОЈО
    4 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ Глоби и бара итна истрага од МВР
    21 јули, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?