• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Борбата за новинарство без цензура – борба за безбедност на новинарите

    ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Борбата за новинарство без цензура – борба за безбедност на новинарите

    • Категории Активности
    • Датум ноември 2, 2023

    По повод одбележување на 2-ри ноември, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивост на злосторствата врз новинарите, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) продуцираа подкаст емисија на тема: ,,Борбата за новинарство БЕЗ ЦЕНЗУРА – Борба за безбедност на новинарите”.

    Актуелните предизвици, социо-економските прашања, почитувањето на етичкиот кодекс на новинарите, како и неказнивоста беа теми на разговорот кој што го водеа претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, претседателот на ССНМ Павле Беловски, претседателката на СЕММ Леунора Калиќи и новинарката Ферикан Илјази, а во улога на модератор на подкастот беше колегата Мефаил Исмаили.

    Во текот на разговорот беше потенцирано дека новинарите и медиумските работници играат клучна улога во нашата земја како чувари на јавниот интерес, а новинарската професија е важен дел на секое демократско општество. Оваа година споредбено со минатите, новинарите често се соочуваат со вербални и физички напади само поради вршење на своите професионални обврски, додека насилниците остануваат неказнети. Важно е да се истакне дека неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја лишува јавноста од правото да биде информирана.

    Потребно е градење на поголема солидарност помеѓу еснафот во насока на подигнување на свеста за условите за работа како и за безбедноста на новинарите и медиумските работници. Само со воведување и практицирање на политика на казнивост од страна на државните органи кон напаѓачите или заканувачите ќе се воспостави позитивна пракса.

    Единствено преку строга санкција на нападите и заканите од страна на институциите во иднина ќе може да се спречат напади и закани кон новинарите. Државата има обврска да обезбеди ефикасен систем на превенција и казнување на насилството врз новинарите. Тоа е основен предуслов за подобрување на состојбата со слободата на говорот.

    Ставањето крај на неказнивоста за насилството кон новинарите е фундаментален чекор во заштитата на слободата на медиумите, поддршката на демократијата, обезбедувањето правда и поттикнувањето на транспарентноста и одговорноста. Тоа е суштински дел од градењето на праведно и просперитетно општество.

    Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите – 2-ри ноември, е признаен од страна на Обединетите нации. Овој ден се одбележува за да се сврти вниманието на прашањето за неказнивост, што се однесува на неизведувањето пред лицето на правдата на сторителите на кривични дела против новинарите и медиумските работници.

    Целосното видео од подкастот може да го погледнете на следниот линк.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ, ССНМ, СЕММ се залагаат за медиумски интегритет: коментар на вчерашната епизода од „Само Вистина“ 
    ноември 2, 2023

    Следен

    ЗНМ и ОЈО: Поголема институционална заштита на медиумските работници
    ноември 2, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?