Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ, ССНМ и СЕММ апелираат за помош за ТВ Вис

ZNM
Wednesday 25 March, 2020Wednesday 25 March, 2020/ Wednesday 25 March, 2020

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите во Македонија со голема загриженост ја примија веста за опожарување на просториите на регионалната телевизија Канал Вис од Струмица.

Трите организации упатуваат заеднички апел до локалната самоуправа, државни институции, стопански субјекти, поединци да помогнат во рамките на своите можности за што побрзо враќање на телевизијата во етер. Локалните и регионалните медиуми во С. Македонија имаат посебно значење, бидејќи тие обработуваат теми од локален карактер кои се од јавен интерес. Без овие локални медиуми граѓаните остануваат лишени од важни информации кои се значајни за нивното секојдневно функционирање. Во кризни ситуации како оваа во која се наоѓа државата во моментов, важноста на локалните медиуми е уште повеќе изразена .

Се надеваме дека колегите од ТВ Канал Вис наскоро ќе се вратат на своите работни задачи и за почеток телевизијата ќе може да ја извршува барем својата информативна функција.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin