ЗНМ со ургенција до МВР во врска со нарушување на безбедноста на колегата Невриј Адеми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешното попречување во вршењето на својата работа на колегата Невриj Адеми од Тетова Сот во Тетово од страна на непознато лице.
Според изјавата на колегата Адеми, денеска на главниот булевар во Тетово додека тој снимал прилог како непознати лица продаваат цигари, од страна на непознато лице му биле упатени непријатни зборови, навреди како и закани за неговата безбедност.
Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое ја попречило работата на новинарот Адеми.