ЗНМ со пријава до МВР за закани на социјални мрежи

ЗНМ достави пријава до секторот за компјутерски криминал, за заканите од извесно лице Павел Македонски, пренесени на бугарски јазик, кој се заканува на медиуми и граѓани, на коментар на социјален профил на управителот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски.
Ваквите закани можат да влијаат на слободата на изразување и затоа сметаме дека треба да бидат третирани на соодветен начин. Говорот на омраза директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници и е особено важно да бидат процесуирани и по нив да се постапува.