• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ: Скршена камера – безбедноста на новинарите и снимателите мора да биде гарантирана за време на протестите

    ЗНМ: Скршена камера – безбедноста на новинарите и снимателите мора да биде гарантирана за време на протестите

    • Категории Соопштенија
    • Датум јули 6, 2022

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) јавно укажува на примери од проблематичен однос кон медиумски работници од страна на дел од припадниците на МВР како и на поединечни лица, дел од толпата, кои протестираа во текот на вчерашната ноќ пред Собранието.

    Во момент додека службени лица вршеле лишување од слобода на лица кои претходно насилно се однесувале на јавниот простор пред Собранието, снимателот од телевизија 24 Вести сведочи дека кон него, најверојатно со рака замавнал припадник на МВР по што камерата паднала на земја и се оштетила. Снимателот на груб начин бил попречен во вршење на својата работа, токму заради ваквиот контакт од страна на припадник на МВР кон акредитиран медиумски работник кој бил на терен да пренесе дел од атмосферата од протестите на јавноста. Постапката на полицаецот била непотребна и е предизвикана материјална штета, но за среќа не бил повреден снимателот на телевизијата.

    Полицијата треба да има кооперативен пристап, односно да соработува со новинарите и со репортерите на настани со висок ризик. При тоа не треба само да им посочи како да се заштитат, туку и да ги заштити и да обезбеди услови за непречено известување, што не е случај со погоре опишаниот настан.

    Апелираме до МВР да укаже на припадниците кои се присутни да го обезбедуваат просторот и објектите на јавните институции каде се организираат протестите дека треба да пристапуваат кон присутните новинари и сниматели со поголема внимателност. Потребен е пристап кој ќе овозможи безбедно да ја вршат својата работа со цел да документираат и пренесат информации кои се од јавен интерес.

    Освен ова, новинари се пожалија дека граѓани кои се присутни на протестите, кон поединечни претставници на медиуми имале недоличен однос и со заканувачки тонови се однесувале кон дел од медиумските работници. Потсетуваме дека присутните новинари кои професионално известуваат за настаните се во функција на задоволување на правото на информирање на јавноста. Следствено на тоа попречувањето на нивната работа поттикнува цензура во медиумите за што се одговара пред суд.

    За крај, земајќи го  предвид фактот дека протестите имаат насилен карактер истакнуваме дека известувањето од настани од висок ризик е специфично и подразбира поголема изложеност на физички и вербални напади кон новинарите, фоторепортерите и сниматели при извршување на нивнитепрофесионални задачи. Затоа, многу е важно уредниците на медиумите да имаат одговорност да праќаат на терен искусни медиумски работници со соодветна заштитна опрема со цел да не ги изложуваат вработените на дополнителен ризик.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    СЈ: Премиерот на Албанија му забрани на новинар да присуствува на прес-конференции
    јули 6, 2022

    Следен

    ПОВОЛНОСТИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗНМ КОИ САКААТ ДА СТУДИРААТ НА АУЕ - ФОН
    јули 8, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    ZNM
    Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ: Односот на владините службеници е цензура
    4 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми
    3 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?