• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Регионални активности и средби на секцијата на сниматели при ЗНМ

    ЗНМ: Регионални активности и средби на секцијата на сниматели при ЗНМ

    • Категории Активности
    • Датум мај 19, 2021

    Секцијата на сниматели при ЗНМ во состав Трајче Илиевски, Зоран Догов и Роберт Коцев изминатиот период остварија средби и работни состаноци во неколку региони во дражавата. На 28.04.2021 (среда) се реализираше средба и работен состанок со снимателите дописници од Охридско-струшкиот регион. Вкупно има шест сниматели кои извршуваат и покриваат секојдневни настани од овој дел на државата од неколку медиуми со национална фреквенција, и тоа: МТВ, СИТЕЛ, АЛСАТ-М, ТВ24 и локалната ТВ Катерина. На оваа средба беше избран и координатор од тој регион, Тони Ничевски, кој го предложија колегите сниматели. Заради олеснување на комуникацијата помеѓу секцијата во Скопје со Охридско-Струшкиот регион.

    На средбата беше разговарано за многу теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат како и беа споделени искуства со кои се соочуваат секојдневно. Од изјавите на колегите може да се заклучи дека секојдневен предизвик со кој се соочуваат е нивната безбедност. Во интерес на вршењето на своите секојдневни работни задачи колегите се соочуваат со секаков вид на закани од таканаречените ,,локални шерифи”, сопственици на локали и градежни форми кои вербално ги навредуваат при вршењето на своите работни задачи за актиелни теми кои се од јавен интерес во овој регион. Освен допсиниците на МРТВ, другите колеги работат со застарена опрема и техника (камери, стативи и сл.) или пак користат своја или изнајмена опрема, за која не добиваат никаков паричен надомест.

    Дел од колегите се пожалија на ниските примања кои ги примаат на месечно ниво, но сепак земајќи го фактот дека просекот на месечните примања меѓу снимателите укажува дека состојбите не се на завидно ниво и во иднина ќе се обидеме преку секцијата за издејствуваме подобри услови и права на колегите сниматели и дописници. Некои колеги одбија да се фотографираат од причина што владее страв дека нивните претпоставени или сопствениците на медиумите каде што работат ќе ги сватат погрешно и можеби ќе им се доведе нивната егзистенција во прашање. Постои голема желба и иницијатива за проактивно дејствување и со здружени напори да се унапредат условите во професијата снимател во поглед на нивната безедност и етиката како и да се понуди градење и унапредување на капацитетите на снимателите и допсиниците во овој регион преку разни обуки и работилници кои ќе бидат од голема полза за колегите.

    Покрај средбата со колегите од Охридско-Струшкиот регион, секцијата на сниматели при ЗНМ на 29.04.2021 (четврток) остварија средба и работен состанок со снимателите дописници од Струмица и Гевгелија. Работниот состанок помина во одлична атмосфера каде колегите избраа и свој координатор кој ќе ги претставува и ќе ги информира за активностите во иднина на секцијата на сниматели при ЗНМ. За координатор на колегите од овој регион на земјата е избран колегата Кире Пиличев, снимател на ТВ Вис и допсиник на ТВ Телма. Во овој регион состојбата со нашите колеги е подобрена за разлика од Охрид и Струга, но секојдневно се соочуваат со скоро истите проблеми, застарена опрема, мали примања, намалени услови за работа и немање никаква едукација во смисла на унапредување на знаењата и вештините во врска со професијата.

    Колегите со големо задоволство ја прифатија нашата покана да се вклучат активно во секцијата на сниматели како и членови на ЗНМ.  

    Работна средба претставниците на секцијата на сниматели при ЗНМ се реализираше на 08-ми мај во пелагонискиот регион со колегите сниматели и дописници од Прилеп и Битола. На работниот состанок во Битола, колегите избраа свои претставници за комуникација со секцијата на сниматели Дарко Костушев од Прилеп и Гоце Андоновски од Битола. Како и на претходните средби кои ги реализираа претставниците на секцијата на сниматели со колегите наидуваат на слични или исти проблеми од технички и финансиски аспект. Во врска со безбедноста на новинарите и снимателте во овој регион беше истакнато дека е на ниско ниво, но секогаш се оставени сами на себе да се снаоѓаат некако. Беше потенцирана потребата од градење на капацитетите преку обуки и работилници за унапредување на знаењата и вештините како од технички така и од етички аспект. 

    На 12-ти мај секцијата на сниматели при ЗНМ остварија средба и работен состанок со снимателите дописници од Велес, Штип, Кочани, Пробиштип и Свети Николе. Работниот состанок помина во одлична атмосфера каде колегите избраа и свои координатори Иван Камчев од Велес, Горан Христовски од Штип и Горан Димитров од Кочани кои ќе ги претставуваат и информираат за активностите во иднина на секцијата на сниматели при ЗНМ. На состанокот претставниците на секцијата на сниматели при ЗНМ донираше елеци и заштитни шлемови на кои јасно е обележано ПРЕС, и за таквиот гест колегите од овој регио изразија голема благодарност за гестот на ЗНМ.

    Покрај средбата со колегите од источниот дел на државата на 14-ти мај 2021, претставниците на секцијата на сниматели при ЗНМ оствари средба и состанок со колегите сниматели и дописници од полошкиот регион Тетово и Гостивар.

    За полесна и подобра комуникација со секцијата, на работната средба помеѓу колегите беше избран координатор Ведут Османи. ЗНМ на колегите од полошкиот регион им донираше заштитни елеци и капи за да бидат претпознатливи кога ги извршуваат своите работни задачи.Бидејќи станува збор за мултиетнички регион комуникацијата и солидарноста помеѓу колегите е на многу високо ниво со што оваа работна средба помина во одлична атмосфера.

    Секцијата на сниматели при ЗНМ не завршува тука со своите активности, следат средби со колегите во Скопје за да се слушнат на едно место и нивните предизвици и предлози за унапредување на соработката и условите за работа како на снимателите така и на дописниците.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Не ни треба реприза со платените јавни кампањи во медиумите
    мај 19, 2021

    Следен

    Предизвици со кои се соочуваат медиумите и нивната улога на промовирање на европските вредности и мултикултурализмот
    мај 20, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    crna gora 1
    Претставници на ЗНМ на конференција за медиумска писменост во Црна Гора
    2 декември, 2023
    MicrosoftTeams-image (4)
    Реализирана обука на темата вештини за преговарање за членките на SafeJournalists мрежата
    1 декември, 2023
    2
    Како против странската пропаганда во медиумите – обуки за медиумски работници 
    30 ноември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?