• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ: Претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

    ЗНМ: Претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

    • Категории Соопштенија
    • Датум октомври 20, 2021

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска поднесе две претставки за попречување на работата на новинарката Ферикан Илјази Арифи од Еуроњуз до Државната изборна комисија (ДИК) како и до Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР). Претставките се однесуваат за непрофесионален однос на претставници на изборната комисија бр.1974 и на полициски службеник кон колешката Арифи на изборниот ден додека таа била службено да известува за изборниот процес.

    Иако новинарката уредно се претставила и носела ознака за новинар на видливо место, претседателката на изборниот одбор Исније Мирта во гласачкото место во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово не и дозволила да снима а притоа со останатите колеги од одборот пред гласачи ја омаловажувала новинарката велејќи и „ не го знаеш законот и треба да ти е срам што го попречуваш изборниот процес“.

    Друг инцидент се случил во текот на денот повторно во Тетово во двор на средното училиште каде службено лице од МВР, за кое е веќе поднесена и пријава до СВР Тетово и Одделот за професионални стандарди, наместо да ја овозможи новинарката слободно да работи ја попречувал нејзината работа.

    Во моментот кога новинарката го почнувала видео преносот во живо во училишниот двор, полицискиот службеник со груб тон инсистирал новинарката веднаш да му приложи лична карта за да докаже дека таа е новинарката кој што е наведена на беџот или во спротивно нема да и биде дозволено да снима. Новинарката иако му укажала на полицаецот дека не се противи на неговото барање за легитимирање и го замолила да и’ дозволи да го заврши она што го започнала, по што ќе се легитимира тоа не и било дозволено. Полицискиот службеник на груб начин и укажал да го напушти училишниот двор, со што ја спречил во нејзината работа како новинар да известува од терен.

    ЗНМ со внимателност ќе ги следи претставките за овој случај до надлежните институции како и за сите останати кои пристигнаа до Канцеларијата на ЗНМ а се поврзани со попречување на работата на новинарите од изборниот процес за локалните избори за 2021 година.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Продолжен рокот за ПОВИК за ангажирање на двајца соработници за изработка на извештај за онлајн безбедноста на новинарите
    октомври 20, 2021

    Следен

    Одржана работна средба помеѓу ЗНМ и Лекарска комора на Република Северна Македонија
    октомври 21, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    ZNM
    Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ: Односот на владините службеници е цензура
    4 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми
    3 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?