ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) заедно со други две граѓански организации од земјава, имаа серија средби со пратеници во Европскиот парламент, со претставници на Европската служба за заеднички работи и на постојаните мисии на Франција и Германија како и со други работни тела на ЕУ.
Темата на состаноците беше двострана размена на информации за состојбата на човековите права, слободата на медиуми и слободата на изразување како и состојбата на преговарачкиот процес на ЕУ и Македонија. Од страна на македонските новинари, Сеад Ризвановиќ, кој е член на Надзорниот одбор на ЗНМ, ги претстави напредоците и проблемите кои постојат во сферата на медиумите и новинарската професија.
Оваа активност е во рамките на организацијата Civil Rights Defenders чија работа, покрај останатото, вклучува поддршка на организации и следење на состојбата со човековите права и владеењето на правото во Северна Македонија.