• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад на профилите на „Слободен печат“

    ЗНМ поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад на профилите на „Слободен печат“

    • Категории Активности
    • Датум ноември 15, 2025

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) внимателно ги следи информациите за случувањата поврзани со инстаграм профилите на „Слободен печат“ и објавата од 6 ноември 2025 година.

    Според информациите од редакцијата на „Слободен печат“, под објавата од 6 ноември на нивниот Инстаграм профил, за краток временски период се појавиле голем број нетипични коментари, вклучувајќи и коментари од сомнителни профили кои не се автентични следачи на овој медиум на оваа социјална мрежа. Истовремено, редакцијата посочува дека во тој период е забележан и значителен пад на видливоста на објавата во однос на нивните вообичаени резултати, со што нивните содржини биле ограничени до помала публика.

    ЗНМ принципиелно смета дека секој обид за координирано користење на лажни или неавтентични профили со цел да се наруши угледот на медиумите, да се загуши јавната дебата или да се влијае врз алгоритамската видливост на новинарски содржини е неприфатлив. Ваквите појави, независно од нивниот обем, придонесуваат за токсична онлајн средина и го отежнуваат работењето на редакциите а публиката може да се доведе до заблуда.

    Во интерес на точна фактографија и јасна постапка, до единиците за сајбер криминал и дигитална форензика при МВР од страна на адвокатите на ЗНМ беше доставена официјална пријава за овој случај. Во истата, меѓу другото се бара да се утврди потеклото и природата на активностите и, доколку има основа, да се побара соработка со компанијата Meta за увид во релевантните технички податоци.

    Во исто време, потсетуваме дека платформите како Meta (Фејсбук/Инстаграм) имаат одговорност да обезбедат транспарентни и доследни правила, особено кога станува збор за чувствителни теми од јавен интерес и за медиуми кои професионално информираат за нив. 

    Ги охрабруваме сите редакции кои се соочуваат со слични појави најпрво, веднаш да ги зачуваат релевантните дигитални докази како што се: линкови, скриншотови, „scrollshots“ со јасно видлив датум и час, „скрин-рекординзи“, како и „Instagram Insights (reach/impressions/engagement)“ – и да ја контактираат канцеларијата на ЗНМ за координација, со цел институциите да можат навреме и ефикасно да постапат.

    Паралелно, ЗНМ ќе продолжи да ја зајакнува практичната поддршка за новинарите и редакциите во вакви и слични ситуации, преку појасни насоки, алатки и механизми за постапување при дигитални напади.

    Овој случај уште еднаш покажува дека координираните, често автоматизирани активности и злоупотребата на алгоритми може тивко да ја нарушат видливоста на содржини од јавен интерес. Затоа е клучно редакциите навремено да ги препознаат ваквите појави, систематски да ги зачуваат дигиталните траги и без одлагање да побараат стручна и институционална поддршка.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Одлука на Советот на честа на ЗНМ по претставките против новинарот Невриј Адеми
    ноември 15, 2025

    Следен

    Заедничка посветеност за заштита на новинарите како предуслов за поголема безбедност на медиумските работници
    ноември 19, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?