• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ објави публикација во која се рефлектираат тенденциите на напади врз новинари и медиумски работници во последните пет години

    ЗНМ објави публикација во која се рефлектираат тенденциите на напади врз новинари и медиумски работници во последните пет години

    • Категории Соопштенија
    • Датум јуни 3, 2022

    Во својата најнова публикација насловена „Напади врз новинари и медиумски работници 2017 – 2021: тенденции и препораки“, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) покрива некои од посериозните прекршувања на правата на медиумските работници кои се регистрирани и исто така отсликува и трендови кои се повторуваат, а  кои се забележани во нападите врз новинарите во последните пет години. Публикацијата е бесплатна и е подготвена како дел од проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје 2021 година „Промовирање на заштитата на новинарите и етичките и професионалните стандарди во медиумите “.

    Публикацијата објаснува како се класифицираат нападите и дава дополнителна анализа за секоја година за период од пет години, со фокус на онлајн нападите врз новинарите. Понатаму, анализата вклучува и краткорочни и долгорочни препораки за подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници на интернет од страна на релевантните засегнати страни.

    Првиот заклучок што може да се извлече е дека бројот на напади врз новинарки е поголем од нападите врз новинари мажи во последните две години. Сексистичкиот говор често се користи, давајќи им на овие напади дополнителна карактеристика со тоа што тие не само што се однесуваат на работата на новинарите, туку се чини дека се засновани на пол.

    Вториот важен заклучок во контекст на безбедноста на новинарите е дека зачестеноста на нападите и заканите врз медиумските работници се зголемува во турбулентни политички ситуации, особено за време на избори. Честото етикетирање на новинарите од страна на политичарите и јавните службеници може дополнително да ги поттикне партиските симпатизери да го следат примерот и со ваквото однесување да продолжат да ја загрозуваат безбедноста на новинарите и медиумските работници на сличен начин.

    Третиот заклучок извлечен од анализата е дека физичките напади врз новинарите се намалени за време на пандемијата, додека онлајн заканите кон новинарите значително се зголемија. Се чини дека недостатокот на јавна свест, исто така, придонесува за зголемување на онлајн заканите кон новинарите, бидејќи границите помеѓу слободата на говорот и говорот на омраза стануваат нејасни.

    Четвртиот и веројатно најважниот тренд е неказнивоста на нападите врз новинарите. И покрај бројните домашни и меѓународни извештаи кои укажуваат на ова прашање, како и бројните конференции кои се занимаваат со него, неказнивоста на нападите врз новинарите продолжува и бара посериозна посветеност од органите на прогонот и судските органи.

    Висококвалитетното независно новинарство бара континуирана безбедност на новинарите и медиумските работници при извршувањето на нивните професионални обврски. Доколку новинарите не се чувствуваат безбедни, тие не можат да ѝ дадат на јавноста квалитетни информации, што е од суштинско значење за информираното граѓанство во демократските општества.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Здруженијата на новинари на Македонија и Косово со заедничка иницијатива за соработка
    јуни 3, 2022

    Следен

    ЗНМ: Остра осуда за заканите кон новинарката на ИРЛ
    јуни 3, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023
    Dizajn-bez-naslova-2023-05-18T104542.184-1068×1068
    SafeJournalists: Онлајн напади врз новинар поради напис за патријархот
    18 мај, 2023
    ZNM
    Судскиот совет има обврска да биде транспарентен кон јавноста  
    9 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?