• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Објавен годишниот извештај за слободата на медиумите во РСМ

    ЗНМ: Објавен годишниот извештај за слободата на медиумите во РСМ

    • Категории Активности
    • Датум декември 4, 2020

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го објави годишниот извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Северна Македонија за 2019 година, изготвен во рамките на проектот Регионална платформа на Западен Балкан, финансиран од Европската комисија.

    Овој извештај констатира дека на 31 декември 2018 година Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ), каде се внесени најголем дел од забелешките и препораките на ЗНМ посебно во делот на МРТ и Агенцијата за медиуми . Дополнително во извештајот се нотира дека во првата половина на 2019 година ЗНМ беше вклучено во работни групи за измена и дополнување на други релевантни закони за медиумскиот сектор. Сепак, суштинска забелешка на ЗНМ која ја нотира е дека процесот на измени на овие закони е бавен, а дел од овие иницијативи се само во најава без конкретни чекори за имплементација. Речиси две години подоцна изборот за членови на Програмскиот совет и Советот на АВМУ се уште е блокиран во собраниската процедура со што се потврдуваат ставовите на ЗНМ.

    Понатаму во извештајот се нотира дека во текот на 2019 година не е регистриран обид од Владата или од друг државен орган да цензурира и филтрира интернет-содржини, односно оценката е дека правото на слобода на изразување во интернет-просторот слободно се користи од страна на граѓаните, медиумските или други организации.

    Иако сè уште е присутна политиката на неказнивост за насилство врз новинари, во споредба со претходните неколку години, во 2019 година подобрена е безбедноста на новинарите во Република Северна Македонија. Бројот на регистрирани физички напади и закани против новинари во 2019 година, споредбено со 2018 година, се зголеми за еден, но сè уште е значително помал во споредба со 2017 година. Во последните три календарски години, во периодот од 2017 до 2019 година, ЗНМ во својот регистар вкупно забележа 27 напади кон новинари и медиумски работници и тоа за 2017 година вкупно 20, 2018 година 3 и за 2019 вкупно 4 напади. Покрај четирите посериозни напади врз новинари регистрирани во 2019 година, ЗНМ забележал и 24 други закани и инциденти. За жал овој  тренд   драматично се влошува во 2020 година каде ЗНМ регистрира заклучно со ноември 14 посериозни закани по животот на новинарите  од кои повеќето кон жени новинари и само една судска разрешница со правосилна пресуда.

    Извештајот за 2019 година нотира и неколку случаи на агресивен говор на политичари кои се на власт или во опозиција со елементи на омаловажување кон новинарите, како и неколкуте закани за тужби за клевета и навреда сериозно го нарушија нивото на слобода на изразување на новинарите и може да се сметаат како инструменти за заплашување на новинарите и медиумските работници. Отсуството на иницијатива на Основното јавно обвинителство да преземе активности по службена должност за случаите за кои алармираше новинарската заедница дополнително негативно се одрази врз прашањето на безбедноста на новинарите. Позитивно можат да се оценат само напорите на МВР да спроведе брза истрага за поголем дел од случаите на напади врз новинари, како и да воведе интерен регистар на напади врз новинари.

    Затоа потребни се и интервенции во Кривичниот законик преку кои ќе се даде дополнително овластување на Јавното обвинителство по службена должност да постапува во одредени ситуации кога е повредено правото на новинарот за време на службена задача. На овој начин, би се решиле дел од предизвиците и би се поштедиле новинарите од скапи судски постапки кои не секогаш се во можност самостојно да ги иницираат. Натаму, потребно е да се направи и анализа за општата економска состојба во која се наоѓаат медиумите и следствено да се понудат олеснителни мерки со кои би се подобрила работата пред сè на радиодифузерите преку разни даночни олеснувања. За подобрувањето на стандардите во начинот на кој известуваат медиумите и новинарите, Владата но и сите политички чинители, потребно е да ја поддржуваат саморегулацијата во медиумите и да ја користат неа наместо да вршат притисок за начинот на кој известуваат одделни медиуми се забележува во годишниот извештај за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите на ЗНМ за 2019 година.

    Целосниот извештај може да се најде на следниот ЛИНК

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа
    декември 4, 2020

    Следен

    SafeJournalists: Непознати мажи се заканија со убиство на новинари во Хрватска
    декември 7, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    3.AJM_NL5 MK
    ЗНМ публикација: Упатство за етичко и професионално информирање за теми од судството
    30 март, 2023
    slika MK
    ЗНМ бележи негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2022 година
    29 март, 2023
    znm
    Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес
    28 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?