• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ на работилница во Брисел за правење глобална методологија против странско штетно информациско влијание (FIMI)

    ЗНМ на работилница во Брисел за правење глобална методологија против странско штетно информациско влијание (FIMI)

    • Категории Активности
    • Датум ноември 7, 2024

    Претседателот на Советот на честа при ЗНМ, Огнен Јанески, учествуваше на меѓународната работилница за справување со странска информациска манипулација и мешање во изборните процеси

    Огнен Јанески, претседателот на Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), учествуваше на значајна работилница за развој на глобална Методологија за справување со странската информациска манипулација и мешање во изборните процеси (FIMI – Foreign Information Manipulation and Interference). Работилницата беше организирана од меѓународната ИДЕА, и собра експерти кои ќе ги адресираат предизвиците кои ги носат овие закани (особено кон изборните процеси) и за да развие ефективни стратегии за нивно надминување.

    На настанот се работеше на создавањето сеопфатна рамка која ќе ги поддржи граѓанските организации во препознавањето и во анализата на факторите и поттикнувачите кои овозможуваат FIMI. Оваа методологија ќе ги зајакне капацитетите на ГО, а и на медиумите, да ги препознаваат социо-политичките и економските фактори кои овозможуваат манипулации и ќе им овозможи алатки за застапување за ефективни политики.

    Јанески во овој контекст, посочи на клучната улога на медиумите во намалувањето или засилувањето на ризиците поврзани со FIMI. Потенцирајќи го македонското и балканската искуство, Јанески ги истакна предизвиците со кои се соочуваат новинарите во борбата против дезинформациите и нагласи колку е важно да се зајакнат медиумската писменост, регулаторните рамки и притисоците врз новинарите, како и да се земат предвид ехо-коморите на социјалните мрежи, влијанието на брзонапредувачката технологија, наспроти нискиот степен на дигиталната писменост.

    „Растот на FIMI претставува директна закана за демократијата. Клучно е да останеме посветени на фактичкото известување и етичките стандарди, додека соработуваме со граѓанскиот сектор за да изградиме отпорност против манипулации и странско информациско штетно влијание.“

    Дискусиите и работилницата беа предводени од авторите и истражувачите за Методологијата, Тијана Морача и Федерико Сикурела, а воведен збор имаше и Ана Ревенко, раководителка на Центарот за стратешка комуникација и справување со дезинформации од Република Молдавија, истакнувајќи го најновиот пример со оваа проблематика за време на изборите во Молдавија, кои завршија викендот. Темите опфатија социо-политички фактори на FIMI и поттикнувачите во индустријата за информациски манипулации.

    Следната година, Методологијата треба да добие финална верзија и да може веќе преку конкретни чекори за нејзина примена од страна на ГО, да им овозможува да се залагаат за транспарентни изборни процеси на глобално ниво.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Поднесена пријава за недолично однесување на судијка од Битолскиот суд 
    ноември 7, 2024

    Следен

    ЗНМ и ССНМ: Заканите и тужбите не смеат да го замолчат гласот на новинарите
    ноември 7, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?