• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ: „Ми рекоа дека ќе видам што ќе ми се случи следниот пат кога ќе го шетам кучето“ – новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната

    ЗНМ: „Ми рекоа дека ќе видам што ќе ми се случи следниот пат кога ќе го шетам кучето“ – новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната

    • Категории Соопштенија
    • Датум август 15, 2022


    Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во Комунална хигиена Скопје кон новинарката Илинка Иљоска од Мета новинската агенција.


    ЗНМ бара од Комунална хигиена Скопје да покренат дисциплинска постапка против одговорните лица за вербалниот напад врз новинарката Илинка Иљоска. Исто така, бараме од оваа институција да направи план за активности за едукација на вработените на теми од јавен интерес и однос кон граѓаните бидејќи не е прв пат од Комунална хигиена Скопје да реагираат на ваков или сличен начин кон граѓаните.


    Според информациите кои колешката Иљоска ги сподели со нас, утрово додека одела на работа, го фотографирала расфрланото ѓубре и метлите што биле потпрени на кантата за отпад во паркот пред нејзината зграда. Во тоа време, вработените во Комунална хигиена Скопје кои што биле во паркот, на одредена оддалеченост ја забележале како фотографира и тргнале во нејзина насока.

    „Само што стасав на станицата улицата ја помина еден човек во цивилна облека и еден од чистачите. Тој во цивилна облека ми се претстави дека е раководител на што јас му се претставив со име и презиме, му кажав дека работам во Новинска Агенција Мета и му реков Повелете кажете што треба “ – вели Иљоска. Лицето кое се претставило дека работи во КХС, побарало од новинарката да ги избрише фотографиите и на висок тон да се расправа со неа, велејќи и дека не смее да фотографира веќе никогаш. Иљоска му рекла дека фотографирала на јавна површина и дека нема ознака дека е забрането фотографирање.

    „Ми кажа дека знае која сум и дека и од друга екипа, од службата што е задолжена преку општината за косење на зелените површини знаат за мене и ме фотографираат кога се жалам дека не си ја вршат работата. Ми рекоа дека ќе видам што ќе ми се случи следниот пат кога ќе го шетам кучето. Се расправаа со мене сè додека не дојде автобусот за да ме испратат со зборовите: Ај влези си во автобус и друг пат да не правиш така “ – стои во изјавата на колешката.

    Новинарката Илинка Иљоска заради загриженост за сопствената безбедност и безбедноста на семејството, со веќе реализирана правна помош и советување од страна на ЗНМ, ќе го пријави случајот во полициска станица.
    „Не само што јас лично не се чувствувам безбедно, туку заканата ја сфатив дека може да ми го отрујат или повредат миленикот. А стравувам дека и моите деца се во опасност затоа што и тие често го шетаат кучето. Ова не им се случува прв пат. И друг пат ми довикуваат и се жалат на нивните претпоставени кога фотографирам како не си ја вршат должноста. Но, ова денес беше прв пат да се осмелат да ми пристапат и грубо да бараат да бришам фотографии и да ми се закануваат дека нешто може да ми се случи ако продолжам да си ја вршам работата. Тие не само што знаат која сум, туку знаат и точно каде живеам“ – вели колешката.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    <strong>ЗНМ: Одговорност за полициските службеници кои ја злоупотребиле положбата за да ја вознемируваат новинарката Вики Клинчарова</strong>
    август 15, 2022

    Следен

    Почина колешката Гордана Стошиќ
    август 20, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230127_141258
    ЗНМ и МВР: преку подобра комуникација до поголема безбедност на медиумските работници
    28 јануари, 2023
    Untitled-design SJN napad
    SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати
    27 јануари, 2023
    ZNM
    Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес
    25 јануари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?