• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ: МВР да спроведе итна внатрешна истрага за случајот со новинарката Делевска

    ЗНМ: МВР да спроведе итна внатрешна истрага за случајот со новинарката Делевска

    • Категории Соопштенија
    • Датум мај 16, 2022

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на службеници од Министерството за внатрешни работи кон колешката Соња Колевска-Делевска од дигиталната редакција сакамдакажам.мк, која денеска беше повикана на службен разговор во полициската станица Центар поради објавен текст, а по поплака на државна службеничка која е раководителка во Министерството за правда.

    ЗНМ предупредува дека повикувањето на новинари и медиумски работници на службен разговор во полиција поради објавен текст води кон цензура и самоцензура кај новинарите. Овој случај со колешката Делевска може негативно да се одрази на слободата на јавното информирање и говор. Предупредуваме дека доколку ова стане пракса може сериозно да ги ограничи новинарите слободно да известуваат за прашања од јавен интерес и истовремено да ги обесхрабри тие да работат на теми кои се поврзани со корупција и злоупотреба на власт. Затоа бараме од МВР да спроведе итна внатрешна истрага за овој случај.

    По доставената покана изминатиот викенд од страна на припадници на полицијата на домашната адреса на новинарката Соња Колевска-Делевска, таа денеска беше во полициската станица Центар во Скопје на „службен разговор во врска со поплака“ за претходно објавен текст.

    Пријавата, односно повикувањето од полицијата е во врска со објавениот текст „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во министерството за правда, а откако одбила била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат“, објавен на 27ми април, 2022 на СДК.МК. Адвокатката за доцнењето на исплатата од Министерство за правда спорот го добила на Управен суд. Парите уште не ѝ се исплатени, но затоа Министерството ја избриша од регистарот на адвокати што даваат бесплатна правна помош за кои трошоците ги покрива Министерството, стои во текстот на СДК.МК.

    Укажуваме дека било кој граѓанин доколку е незадоволен од начинот на известување во медиумите на располагање ги има саморегулативните механизми. Сметаме дека за случаи во кои граѓанин се жали на евентуална клевета или навреда припадници на МВР не смеат да „дисциплинираат“ новинари преку повикување на службени разговори во полициска станица.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Средба на новинари и медиумски работници од Штип
    мај 16, 2022

    Следен

    Чадиковски: Повикувањето на новинари и медиумски работници на службен разговор во полиција поради објавен текст води кон цензура и самоцензура кај новинарите
    мај 17, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230127_141258
    ЗНМ и МВР: преку подобра комуникација до поголема безбедност на медиумските работници
    28 јануари, 2023
    Untitled-design SJN napad
    SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати
    27 јануари, 2023
    ZNM
    Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес
    25 јануари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?