ЗНМ и УНДП: Oбука за новинари на тема „Унапредување на еколошката правда во РС Македонија – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Унапредување на еколошката правда во РС Македонија“ на 7 и 8 ноември во Скопје одржа обука за новинари.
За време на обуката учесниците имаа можност да ги подобрат своите знаења и вештини за теми поврзани со загадување на воздухот и улогата на новинарите во борбата за почист воздух, што се контаминирани подрачја и како да се направи истражувачка сторија за нив. Предавачи беа искусни колеги и експерти во својата област.

Новинарот Бојан Шашевски зборуваше за бази на податоци и корисни алатки за еколошко новинарско известување, за новинарството преку локални механизми и еко-иницијативи, примена на професионално и етичко еколошко новинарство како и за алатки за мултимедијално раскажување приказни.
Бојан Трпевски, правник, се задржа на основни термини и процеси за заштита на животната средина и надлежности на локалната самоуправа и за пристапот до правда во областа на животна средина.
Учесниците имаа можност да споделат и свои видувања, предизвици и искуства при следење и известување на теми од локално значење поврзани со влијанието на загадениот воздух преку интерактивна дискусија. На крајот се поделија во четири групи со цел изработка на стории поврзани со темата на обуката.
Оваа работилница беше во организација на Здружението на новинарите на Македонија во рамки на проектот „Унапредување на еколошката правда во РСМ“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е поддржан од Глобалната програма на УНДП за зајакнување на владеењето на правото, човековите права, правдата и безбедноста за одржлив мир и развој.
Фото: ЗНМ
