• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно

    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно

    • Категории Активности
    • Датум декември 27, 2022

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска (27.12.2022) на прес-конференција реагираа на одлуката да се укинат дописништвата на Медиумската информативна агенција (МИА) од Вашингтон, Брисел и Атина, но и на најавите за значително намалувањето на буџетот на оваа медиумска куќа со што се загрозува нејзината основна функција.

    Потребно е Владата да даде итна поддршка во напорите да се изнајде решение за непречено функционирање на странските дописништва на МИА и наместо затворање на постоечките дописништва потребно е уште посилна мрежа на дописници кои ќе работат во интерес на јавноста и во придонес на медиумскиот плурализам за прашања од јавен интерес за граѓаните. Истовремено, беше истакнато дека МИА треба да биде изземена од мерките за штедење, односно да се изнајде начин да не дојде до намалување на буџетот за следната година бидејќи тоа ќе предизвика негитвни последици како за вработените новинари и медиумски работници, така и за валитетот на содржините и информациите кои произлегуваат од овој медиум.

    МИА како генератор на вести и информативен сервис на граѓаните, треба да биде првиот филтер на информации за широката јавност и клучна алатка за борба против дезинформациите кои претставуваат се поголем проблем посебно во ерата на дигиталните медиуми.

    Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски изјави: „Со намалување дописничката мрежа директно се влијае и на нарушување на професионалните стандарди на новинарите, со што се губи објективноста при информирањето, се појавува ризик од непроверени, а со тоа и неточни информации. На крајот жртви ќе бидат граѓаните и јавниот интерес, зошто единствен канал за информирање од овие земји ќе бидат странските канали затоа Владата нужно е да има разбирање за овој проблем и итно да реагира со цел да се превенира штета, затоа бараме веднаш враќање на парите потребни за нормално функционирање на МИА“.

    Претседателот на ССНМ, Павле Беловски рече дека „За жал и оваа година, пред нова година наместо да зборуваме за повисоки плати, нови перспективи за медиумските работници, како синдикат и медиумски партнерски здруженија ви се обраќаме јавно со реакција за прекин на работни договори и губење на егзистенцијата. Денес проблемите се во МИА, кои се предизвикани од наметнатите мерки за штедење на владата. Владата наместо да остави позитивен пример во време на криза и да ја зачува егзистенцијата и сигурноста на работните места токму спротивно удри врз единствениот медиум за кој е одговорна и го намали буџетот со кој се нарушува тековното работење. Со овој негативен пример владата прикажа негативна пракса која сега непречено може да се применува во приватниот сектор, токму онаму каде што медиумските работници се најранливи“.

    На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Антоновски, актуелниот директор на МИА, на новинарско прашање одговори: „Ние го анализиравме овој процес веќе подолго време. Цела година предупредуваме дека тие буџети кои нам ни се одредуваат се апсолутно несоодветни. Ние зборуваме за одржливост, наместо за инвестирање и развој. Владата постојано ни вели дека ќе го има тоа предвид, закажани се и средби за разговор. Нас ни е јасна поентата на тоа што и претседателот на ЗНМ го истакна, ние покренавме иницијатива, разговаравме со ОБСЕ, да се отвори дебата за измена на закон за медиуми, бидејќи досегашниот концепт за финансирање не е добар. Според нашите анализи, единствено можно решение за финансиска одржливост е закон за МИА, каде што меѓународните организации се понудија да помогнат во тој контекст, ставено е во програмата на ОБСЕ и ЗНМ. Тоа за нас значи некаква стабилност која ќе придонесе на континуитет, наместо да се случи на половина година измена односно повлекување на парите.“

    На прес-конференција беше истакнато и дека  согласно со правните анализи кои ги има објавено ЗНМ пред речиси две години најсоодветен начин на организација на МИА е по примерот на МРТВ, чиј основач и надлежна институција пред која полага одговорност, е Собранието. Во таа насока, потребни се законски измени со кои ќе се гарантира дека Владата нема да има влијание во изборот на менаџментот во МИА, а истовремено ќе се обезбеди модел со кој ќе се гарантира финансиската независност во работата на оваа агенција, која со моменталниот закон е владина, а треба да биде државна агенција.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Избран претседател на Советот на чест при ЗНМ
    декември 27, 2022

    Следен

    SafeJournalists: Нападната новинарка на Топ Канал на северот на Косово
    декември 30, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    Совет на честа
    Одговор на претставка против Зоран Божиновски
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ со пријава до МВР за закани на социјални мрежи
    5 февруари, 2023
    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?