• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и ССНМ со претставници на собранието на Европската федерација на новинари: Важна соработка и заедничка визија за иднината на новинарството 

    ЗНМ и ССНМ со претставници на собранието на Европската федерација на новинари: Важна соработка и заедничка визија за иднината на новинарството 

    • Категории Активности
    • Датум јуни 2, 2025

    На 2 и 3 јуни 2025 година, во Будимпешта се одржува Генералното изборно собрание на Европската федерација на новинари (ЕФН), на кое учествуваат над 120 новинари и претставници на синдикати од 38 европски земји. Ова е првпат ЕФН да организира статутарен настан во Унгарија – симболичен чин на поддршка за независното новинарство во една земја каде медиумските слободи се под силен притисок. 

    Делегацијата од Македонија, составена од претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), активно учествува во работните сесии, каде што се усвојува новата тригодишна Работна програма на ЕФН за периодот 2025–2028. Програмата се фокусира на клучни предизвици како што се: имплементацијата на Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA), заштитата од SLAPP тужби, регулирањето на вештачката интелигенција, колективното преговарање, унапредувањето на авторските и трудовите права и безбедноста на новинарите.

    Претседателката на ЕФН, Маја Север, изјави: „Новинарството во Европа е под опсада. Затоа ЕФН не е само симбол – туку механизам за отпор. Во следните години мора да обезбедиме спроведување на EMFA и сите други европски инструменти за заштита на новинарството и работничките права; да го запреме злоупотребувањето на вештачката интелигенција и дигиталните платформи кои профитираат од нашата работа без транспарентност или надомест; да ја прошириме синдикалната заштита за сите, да инвестираме во безбедност, медиумска писменост и саморегулација – затоа што вистината има потреба и од инфраструктура и од луѓе кои ќе ја бранат.“ 

    Во рамките на настанот, македонската делегација, заедно со партнерските здруженија на новинари од Западен Балкан, имаа работна средба со Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, амбасадорот Јан Брату. Средбата е од големо значење за регионалната координација околу прашањата на безбедност на новинарите, справување со неказнивоста, и потребата од системска поддршка за истражувачкото новинарство и медиумската независност. 

    ,,Мораме да стоиме сите заедно сплотени на принципите на слободното новинарство затоа што оваа битка не смееме да ја изгубиме” рече амбасадорот Брату на средбата со претседателот на ЗНМ Чадиковски и претседателот на ССНМ Беловски.

    На годишното собрание на ЕФН, покрај работните сесии, се одвиваат и статутарни активности – делегатите ги разгледуваат финансиските извештаи, програмските документи, и избираат девет нови членови на Управниот одбор на ЕФН со мандат од три години. Овие избори и резолуции ќе го одредат правецот на федерацијата до 2028 година.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Јавните функционери да се воздржат од навреди и дискредитации кон новинарите и медиумите
    јуни 2, 2025

    Следен

    Советот на честа при ЗНМ: Осуда за навредливиот говор на Филип Петровски во поткаст на „Инфомакс“
    јуни 8, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (3)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?