• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и ССНМ продолжуваат со регионалните средби со новинари во пелагонискиот регион

    ЗНМ и ССНМ продолжуваат со регионалните средби со новинари во пелагонискиот регион

    • Категории Активности
    • Датум септември 23, 2021

    Со присуство на триесетина новинари и медиумски работници од регионалниот центар на ЗНМ од Битола, ЗНМ и ССНМ организираа работна средба на која беше дискутирано за теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат. На средбата беа присутни и медиумски работници од Прилеп и со присутните беа споделени искуства со кои се соочуваат секојдневно посебно во време на вонредната состојба.

    На почетокот на средбата на присутните им се обрати претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кој истакна: ,, Ме радува што денес се собравме поголем број на колеги и сакам да го споделам со вас моето задоволство што конечно лично може да се видиме и поразговараме за важните прашања и предизвици со кои се соочувате во овој регион на државата. Во изминатиот период ЗНМ и ССНМ учествуваа во изнаоѓање на решенија за тешката положба во која се наоѓаат новинарите и воопшто медиумите. Бесплатната медицинска опрема во време кога немаше, бесплатните антиген тестови, вакцините, економските мерки за помош и намалување на давачките на медиумите кон државата се само дел од активности на кои бевме посветени во изминатиот период. ЗНМ и претходно но и во иднина продолжува да биде конструктивен партнер во изнаоѓање на предлози и решенија кои секој член може да ги предала а посебно и за финансиска помош преку креирање на т.н. фонд за медиуми кој би бил од исклучителна важност посебно за локалните и регионалните медиуми.“ посочи Чадиковски.

    На работната средба од страна на колегите од Битола и Прилеп беше споделено дека проблем е возраста на новинарите и медиумските работници кои работат во пелагонискиот регион, односно немањето интерес од страна на младите да се занимаваат со оваа професија пред се поради тешката економската состојба. Координаторката во пелагонискиот регион Жанета Здравковска истакна дека основните проблеми се од финансиски карактер. ,,Медиуми пропаѓаат, новинарите си заминуваат и се во многу тешка состојба, но сепак идејата и најавата од страна на претседателот на ЗНМ, Чадиковски за изнаоѓање на финансиска поддршка на медиумите се позитивни чекори кои се нужни ” потенцираше Здравковска.

    Свое обраќање пред присутните колеги имаше и заменик претседателката на ЗНМ Филјана Кока која го истакна своето задоволство од средбата и потенцирање дека: ,,во овој момент е многу важно солидарно да се поддржи ЗНМ во процесот на креирање политиките кои треба да се во интерес пред се на новинарите”. По неколку часовната дискусија со присутните беше констатирано дека ваквите зачестени средби со новинари и медиумски работници на регионално ниво ќе ја зацврстат и унапредат меѓусебната комуникација и соработка на новинарите и медиумските работници од пелагонискиот регион.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Медиумска слобода и безбедност: Сон на секој новинар - кошмар за „балканските” политичари
    септември 23, 2021

    Следен

    Неказнивоста и толеранцијата на насилството преку Интернет врз новинарите од страна на судството и полицијата на БиХ се неприфатливи
    септември 23, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    381042531_244023364849313_5860258877227029406_n
    ЗНМ со свој претставник на конференцијата во Шведска насловена ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”
    21 септември, 2023
    znm-estima logo
    ПРОДОЛЖЕН Е ПОВИКОТ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ КАКО НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК  за градење капацитет кој ќе ги поддржи новинарите и медиумските работници подобро да се движат низ информациите кои потекнуваат од или се поврзани со авторитарни режими, особено Русија
    18 септември, 2023
    naslovna (7)
    ЗНМ и СЕММ со пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Фејсбук страната на Канал 5
    18 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?