• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ и ССНМ: Политичките партии да се воздржат од користење на новинари и нивни содржини во партиска промоција

    ЗНМ и ССНМ: Политичките партии да се воздржат од користење на новинари и нивни содржини во партиска промоција

    • Категории Соопштенија
    • Датум август 29, 2025

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) јавно реагираат по пријава од страна на новинарки и новинари, кои што изразија незадоволство што нивни медиумски продукти се прикажани во промотивно видео на политичка партија на социјалните мрежи, без нивна согласност или согласност на редакциите.

    Ваквата пракса на политичките партии да преземаат делови од информативна програма на медиуми во кои и самите новинар(к)и се дел, е проблематична од два аспекти:

    1.     Етички аспект – Новинарските содржини не смеат да се користат за политичка промоција, бидејќи тоа го нарушува принципот на независност и ја доведува во прашање довербата на јавноста во професијата. Новинарите мора да бидат заштитени од манипулации со нивната работа во политички или партиски цели.

    2.     Правен аспект – Секоја злоупотреба на медиумски продукти без согласност на авторите претставува повреда на авторските и личните права. Дополнително, ваквата практика може да се смета и за нарушување на достоинството и угледот на новинар(к)ите. Ова особено може да стане проблем доколку на ваквите објави се појават несоодветни или заканувачки коментари на социјалните мрежи.

    Потсетуваме дека дел од партиите го потпишаа Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми и со тоа се обврзаа да го почитуваат. Во овој контекст, особено е релевантен член 5, кој ги обврзува политичките партии и кандидатите да обезбедат јасно означување на нарачателот при онлајн рекламирање, транспарентност за платените содржини и воздржување од неетички практики. Овој член експлицитно бара политичките субјекти да внимаваат на коректноста на нивната онлајн кампања и да се спротивстават на деструктивни и манипулативни методи.

    Особено важно, членот предвидува дека политичките партии и кандидати:

    „Ќе се воздржуваат од употреба на автоматски ботови и/или неавтоматски организирани структури на социјалните мрежи (тролови и трол-фарми) за оркестрирано злонамерно ширење дезинформации, ќе осудат доколку има таква ситуација, за манипулирање со јавното мислење и со ставовите на граѓаните, за собирање политички поени или кибер-малтретирање, а особено кон новинари и други медиумски работници“.

    Со користење на новинар(к)ите и нивните медиумски содржини во партиски цели, не само што се повредуваат професионалните и правните стандарди, туку директно се поткопува и довербата на јавноста во медиумите и самиот изборен процес.

    ЗНМ и ССНМ нагласуваат дека почитувањето на етичките стандарди и законските регулативи е од суштинско значење не само за време на официјалната изборна кампања, туку и во периодот кој ѝ претходи, доколку сакаме да обезбедиме фер и демократски изборен процес.

    Апелираме до сите политички партии и јавни актери да се воздржат од каква било злоупотреба на трудот и личниот углед на новинарите во предизборниот период и самата кампања. Само со почитување на професионалната независност може да се гради доверба во медиумите и да се обезбеди транспарентна и демократска јавна дебата.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Препорака по доставена реакција од ЦИВИЛ – Центар за слобода насочена кон неколку медиуми
    август 29, 2025

    Следен

    Почина новинарот Киро Кипроски
    август 30, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка
    7 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува попречувањето на работата на снимателот на ТВ Тера и бара итно постапување од МВР и ОЈО
    4 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ Глоби и бара итна истрага од МВР
    21 јули, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?