• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу

    ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу

    • Категории Соопштенија
    • Датум април 12, 2024

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли.

    Кривичната пријава од МВР за попречување службено лице во извршување на својата службена должност кон Салиу, следува откако пред пет дена тој беше приведен од страна на полицијата за време на фудбалски натпревар. Салиу бил присутен на натпреварот во својство на новинар и се обидел да документира инцидент за што бил попречен од страна на полицијата.

    Фактот што од досегашните видео материјали од инцидентот не може да се утврди основаноста на кривичната пријава, како и постојаната медиумска хајка од медиуми блиски до политички партии, а на штета на репутацијата на новинарите, отвора простор за сомнеж дека делото воопшто не ни постои.

    Воедно укажуваме дека целиот настан е проследен со говор на омраза на социјалните мрежи, што ги доведува новинарите и медиумските работници во лоша и небезбедна состојба во овој чувствителен предизборен период.

    Потсетуваме дека ЗНМ и ССНМ побараа случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу и на неговите колеги кои биле присутни на настанот, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања. За жал, наместо расчистување на овој случај и поведување на мерки против полицајците кои извршија неовластен претрес на возилото на Салиу, како и против оние кои користеа прекумерна сила при неговото лишување од слобода, МВР се одлучи кривично да го гони новинарот.

    За овој случај поднесена е и формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на колегата Салиу каде се истакнаа повредите на правата, и побарано е внатрешната контрола да ги испита овие наводи веднаш, а МВР да преземе соодветни чекори против инволвираните службеници за време на целиот инцидент.

    Потенцираме дека ЗНМ и ССНМ солидарно стојат зад колегата Фуркан Салиу и дека правдата за него е правда за сите колеги новинари и медиумски работници во земјава.

    За овој случај ЗНМ ги извести меѓународните новинарски организации кои ги следат правата и медиумските слободи и веќе е нотиран аларм за прекршување на правата на новинари во Македонија на Платформата за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите на Совет на Европа.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и ССНМ со претставка до МВР за апсењето на новинарот Фуркан Салиу
    април 12, 2024

    Следен

    ЗНМ: Осуда за правниот притисок кон Гоце Михајлоски и Михаела Димовска од ТВ Канал 5 од страна на ЛЕВИЦА
    април 12, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    shared image (54)
    ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка во Битола
    13 ноември, 2026
    169 (77)
    ЗНМ: Осуда за повиците за насилство и заканите кон новинарката Милка Смилевска
    9 ноември, 2026
    169 (2)
    ЗНМ: Петти ботски напад врз „Слободен печат“, цензура без цензор
    14 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?