• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и ССНМ на средба со снимателите од регионалните и локалните медиуми

    ЗНМ и ССНМ на средба со снимателите од регионалните и локалните медиуми

    • Категории Активности
    • Датум ноември 8, 2021

    Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во саботата (06.11.2021) во Велес се сретнаа со снимателите од локалните и регионалните медиуми од земјава.

    На средбата која беше организирана со цел запознавање со проблемите на колегите снимателите во таканаречените „помали“ медиуми, како и за вмрежување со цел утврдување на активности кои може да се корисни за подобрување на состојбата и условите во кои работат снимателите се обратија претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

    Претседателот на ЗНМ, Чадиковски рече дека активирањето на секцијата на сниматели е од големо значење бидејќи само низ такви контакти и вмрежување може да се знаат и проблемите со кои тие се соочуваат.

    „Мислам дека треба особено да се негува односот новинар – снимател и тие се во нераскинлива врска, проблемите и од социјален и од професионален карактер се исто така заеднички како и работата“, рече Чадиковски.

    Беловски ги претстави активностите на ССНМ, како и погодностите за членовите кои се однесуваат пред се на одбрана на работничките права.

    „Оваа средба е особено важна поради тоа што се собравме за да слушнеме со какви предизвици се соочуваат вработените во локалните и регионалните медиуми. Социо-економската состојба на медиумските работници е многу важна за професионално функционирање и таа може да се подобри само преку заедничко делување“, рече Беловски.

    Поголем дел од средбата им беше посветен на снимателите кои укажаа на низа предизвици од социјално-економска природа како што се договори на определено, ниски плати, хонорарни ангажмани кои не даваат сигурност, но и проблеми од професионален карактер како оневозможување на извршување на работните задачи на терен и друго.

    Оваа средба беше петта од серијата средби со новинари и медиумски работници од заедничкиот проект на ЗНМ и ССНМ, насловен како Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија, поддржан од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    СЈ: Полицаец физички нападнал албански новинари во Тирана
    ноември 8, 2021

    Следен

    ЗНМ со претставка кон МВР за попречување на работата на колешката Мисирлиевска
    ноември 9, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?