• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ и ССНМ доставија мислење со конкретни забелешки за Предлогот за измена и дополнување на Кривичниот Законик

    ЗНМ и ССНМ доставија мислење со конкретни забелешки за Предлогот за измена и дополнување на Кривичниот Законик

    • Категории Соопштенија
    • Датум март 22, 2021

    По претходни спроведени заеднички активности и разговори, како и по барање на Министерството за Правда во текот на март 2021 година Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) споделија мислење со конкретни забелешки за Предлогот за измена и дополнување на Кривичниот Законик.

    ЗНМ и ССНМ го поздравуваат зголемувањето на казните за прекршителите како и на тоа дека новинарите и другите медиумски работници се ставаат во групата на лица заедно со другите професии кои се изложени на напади и закани поради природата на нивната работа.

    Сепак, двете организации се согласни дека решението не е целисходно бидејќи едно од најважните барања кое се однесува на обезбедување на системска заштита на безбедноста на медиумските работници не е дел од овој предлог. Главното наше барање е нападите врз новинарите и медиумските работници да се гонат по службена должност, а не по приватна тужба, како што стои во членот 14 од предлог измените кој се однесува на членот 144 од КЗ.

    Предлагаме да се измени член 14, став 6 од измените и да има исклучок кој ќе важи за новинарите дека при повреда на овој член Основното јавно обвинителство ќе гони по службена должност. ,,Ова е особено важно зотоа што од досегашната пракса новинарите ретко се решаваат да тужат при физички напад или при закана по нивниот живот и тоа од повеќе фактори како што се на пример трошоците за постапката, страв од одмазда, немањето правна поддршка и слично. Затоа сметаме дека како системско решение од исклучителна важност е ОЈО да гони по службена должност во околности кога се прекршува член 144, а оштетениот е новинар или медиумски работник кој професионално си ја вршел својата работа.” потенцираат од ЗНМ и ССНМ.

    Втората забелешка се однесува на неземањето во предвид на член 394-г од КЗ. Овој член се однесува на делото „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

    Во овој дел сметаме дека повторно ОЈО но и Министерството за внатрешни работи (преку измена на Законот за кривична постапка) треба да има надлежност да постапуваат по службена должност во случаи кога има експлицитни закани преку социјални мрежи кон новинари или медиумски работници, а поради нивното професионално вршење на дејноста.

    „Во услови кога бележиме сериозен зголемен тренд на напади и закани кон новинари и медиумски работници преку социјални мрежи, но и други форми комуникација сметаме дека е од исклучителна важност и овој член да биде изменет во слична насока како и членот 144 кој се однесува на загрозување на сигурноста,” истакнуваат од ЗНМ и ССНМ.  Покрај забелешките, Здружението на новинарите на Македонија минатиот месец достави до Министерството за правда компаративна анализа на тема „Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик“ која посебно во делот на препораките соддржи и други сугестии за подобрување на овој закон, а во насока на намалување на неказнивоста на нападите врз новинарите и медиумските работници.

    На оваа тема кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реализираше два вебинари на темата: „Изменување и дополнување на Кривичниот законик: Решенија за зајакнување на безбедноста на новинарите“. Овие вебинари беа реализирани во рамките на заедничката акција на ЕУ  и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и СЕММ: потребна е поголема одговорност од медиумите при објава на сатирични содржини
    март 22, 2021

    Следен

    Бараме брза реакција на МВР и ЈО за ескплицитните закани по животот на новинарите
    март 22, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    ZNM
    ЗНМ: Односот на владините службеници е цензура
    4 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми
    3 февруари, 2023
    ZNM
    Новинарите повторно спречени да известуваат од јавен настан              
    3 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?