• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ и ССНМ го осудуваат третманот на медиумските работници на Економскиот форум

    ЗНМ и ССНМ го осудуваат третманот на медиумските работници на Економскиот форум

    • Категории Соопштенија
    • Датум јули 30, 2021

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро реагираат за третманот и за цензура на медиумите, новинарите и фоторепортерите, на вчерашниот Економски форум во организација на Кабинетот на премиерот на Владата во координација со кабинетите на премиерот на Албанија и на претседателот на Србија на кој беше промовиран „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

    До ЗНМ и ССНМ вчера стигнаа поплаки од новинари и фоторепортери дека не им биле овозможени соодветни услови за работа на Форумот, па дел од нив биле станувани од организаторот од местата на кои седеле, иако првично им било кажано дека се наменети за нив, со упатување „да се снајдат“ за место. Со тоа особено на телевизиските новинари им бил направен проблем во работниот процес, бидејќи биле оддалечени од снимателите и контакт со нив при извршување на работните задачи.

    Дополнително на фоторепортерите, освен што им било ограничено движењето, не им било обезбедено место за нивната опрема и да ги испратат материјалите до редакциите, па дел од нив префрлаа материјали и работеа буквално клечејќи или седнати на под.

    ЗНМ и ССНМ реагираат на информациите дека на прес-конференцијата на новинарите им било соопштено дека нема да имаат можност да постават прашање, освен три медиуми во државна сопственост за кои на ниво на кабинети на организаторите претходно било договорено да постават прашање – по еден медиум од трите држави претставени на Форумот – РТ Албанија, агенцијата Танјуг и агенцијата МИА. Со тоа, иако било предвидено и договорена можност за поставување на девет прашања, сите девет биле поставени од овие три медиуми, без можност друг медиум да постави прашање.

    Ваквиот однос на организаторите освен што ги става во нерамноправна положба медиумите и врши дискриминација по основ на сопствеништво на медиумите, воведува и пракса на избор на подобни и неподобни медиуми за поставување на прашања на ниво на кабинети и ја гуши слободата на изразувањето преку оневозможување повеќе различни медиуми да постават повеќе прашања на прес конференција, особено што за такво вчера нешто постоела можност и тоа девет пати.

    ЗНМ и ССНМ ги охрабруваат своите членови и другите медиумски работници доколку во иднина им биде попречено правото на известување да се организираат и да го напуштат настанот. Правото на информирање е загарантирано право и должност на медиумите, како што е должност и на организаторите на настани од јавен интерес да овозможат соодветни услови за медиумските работници.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ - ИЗРАБОТКА НА ВИДЕА (КАМПАЊА) ЗА ПРОМОЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ ПОМЕЃУ НОВИНАРСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА И ПАРЛАМЕНТИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ЗА ПОСИЛЕН ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
    јули 30, 2021

    Следен

    Безбедноста на новинарите, фоторепортерите и снимателите на јавните протести мора да се гарантира
    август 16, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    SJN-and-MFRR-24.11.2023
    SafeJournalists и MFRR: Пресудата против ИРЛ и нејзиниот уредник во Северна Македонија мора да се поништи
    24 ноември, 2023
    MMF
    Спорната пресуда на судијата Јованка Спировска Панева регистрирана на Платформата за мапирање на медиумски слободи
    22 ноември, 2023
    SafeJournalists-20.11.2023
    SafeJournalists: Милорад Додик мора да престане да ги таргетира новинарите и телевизијата N1
    20 ноември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?