• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и Собрание на РСМ: Потребна е подобра соработка меѓу парламентарците и новинарите за поголема отчетност и транспарентност

    ЗНМ и Собрание на РСМ: Потребна е подобра соработка меѓу парламентарците и новинарите за поголема отчетност и транспарентност

    • Категории Активности
    • Датум октомври 6, 2021

    „Подобрување на соработката меѓу парламентарците и новинарите за поголема отчетност и транспарентност“ беше името на меѓусекторскиот настан кој се одржа на 1ви октомври а организиран од страна на  Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на кој учествуваа новинари, пратеници, секретаријат на Собранието на Северна Македонија и претставници од граѓански организации активни во застапувањето за слободата на изразување.

    Посебно обраќање имаа Претседателот на Здружението на новинарите,  Младен Чадиковски, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија  Талат Џафери и Раководителот на Одделот за информатичко општество, Совет на Европа, Патрик Пенингс.

    Овој вебинар се надоврза на новиот документ за политики во кој двајца искусни новинари, ангажирани од ЗНМ, ја истражуваа и ја оценија состојбата на  соработката меѓу парламентарците и новинарите и формулираа препораки како да се подобри за да се промовира унапредување на правната рамка во медиумскиот сектор.

    Вебинарот го отвори модераторот новинарката  Душица Мрѓа која ги поздрави присутните, ја претстави агендата, ги најави говорниците и сподели контекст со свои видувања на темата пред присутните.

    Во своето поздравно обраќање, Претседателот на ЗНМ,  Младен Чадиковски рече дека медиумските реформи и неколку закони важни за работата на новинарите се од клучно значење за евроинтегративните процеси на државата, што се нотира и во последниот извештај на Европската комисија во кој што се вели дека „државата треба да направи напор за да се подобри независноста и професионалните стандарди на јавниот радиодифузен сервис и неговата финансиска независност“. Клучните препораки и наоди од истражувањето ќе им обезбедат на новинарите и пaрламентарците форум за размена на мислења, што пак ќе значи подготовка за теренот каде што се очекува да се зајакне меѓу секторската алијанса и ќе обезбеди понатамошна соработка помеѓу овие клучни чинители.

    Свое обраќање имаше и Претседателот на Собранието на РСМ, г-нот Талат Џафери кој рече дека заеднички став на претседателството е Собранието да биде секогаш отворено и достапно за сите новинари, а преку новинарите и за граѓаните, за невладините организации и се разбира меѓународната јавност. Ја нагласи неговата достапност за новинарите, посебно на утврдените месечни брифинзи се со цел точно и навремено информирање, но исто така рече дека не може да влијание на колегите пратеници во однос на нивната достапност и желба за изложеност во медиумите. Рече дека во план е надградба на веб страницата на Собранието, по примерот на естонскиот парламент и е убеден дека сите овие активности што се во план за наредниов период, ќе го доближат законодавниот дом до новинарите, до граѓаните и целата меѓународна јавност и ќе го подобрат впечатокот за Собранието на Република Северна Македонија.

    Трет се обрати г-нот Патрик Пенингс, раководител на одделот за информатичко општество при Советот на Европа кој рече дека слободата на изразување, заштитата на новинарите се тесно поврзани со другите области како што се заштитата на податоци, сајбер криминалот и вештачката интелигенција. Сите овие точки се меѓусебно поврзани со слободата на изразување.  Заштитата на слободата на говор и отсуството на притисок врз медиумите е од клучно значење, како и отвореноста на Парламентот кон медиумите. Навремена и точна информација од страна на новинарите придонесува граѓаните да бидат дел од демократскиот процес, односно да учествуваат во истиот.

    Останатите говорници, претставници од новинарите и Парламентот, се согласија дека има напредок но работата на оваа институција во поглед на соработката но од страна на новинарите беше нагласена  потребата од подобрување во овој сектор, посебно во време на пандемијата на Ковид – 19 која што целосно ги исклучи медиумите од парламентарните седници. Токму за таа цел беше даден предлог седниците да се пренесуваат во реално време, наместо да се испраќаат видео снимки и извештаи со задоцнување.

    Како говорници освен новинарите Александра Митевска и Мефаил Исмаили збор зеде и искусниот собраниски известувач Тодор Пендаров а во овој дел свои излагања имаа и странскиот консултант Флутура Кусари како и Едип Биљали директорот на НДИ

    Претставниците на Собранието изјавија дека во последните години има подобрување на веб страната каде што покрај тековните информации, постои и календар на кој се гледаат сите закажани седници. Исто така, потсетија дека тековно се работи на комплементарна веб страница која  е наменета за новинарите. Се работи и на идејата да се направи собраниски софтвер кој што во реално време ќе генерира говор од самите видеа.

    ЗАКЛУЧОЦИ ОД АНАЛИЗА

    Tранспарентноста на Собранието на Република Северна Македонија за

    време на пандемијата со ковид- 19

    Заклучоците од спроведената анализа појаснуваат дека ковид кризата дополнително ги истакна слабостите во функционирањето законодавниот дом во делот на транспарентноста, отчетноста и комуникацијата со средствата за јавно информирање, кои претходно се прикриваа зад уставните и деловничките норми за отвореност и јавност во работата на парламентот. Препораките велат дека потребно е да се анализираат сите можности за отворање на комисиите за јавноста, да се размисли за соодветни тренинзи за парламентарците во делот односи со јавност, да се разгледа можноста за воспоставување на пракса за периодични или редовни брифинзи. Ова се само дел од заклучоците и препораките кои се наведени во анализата за транспарентноста на Собранието на Република Северна Македонија за време на пандемијата со Ковид- 19.

    За повеќе информации кои се дел од самата анализа – кликнете на линкот.

    Вебинарот беше организиран од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот на Европа на тема HF II – HF 37: Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (JUFREX 2)  – Подобрување на соработката меѓу парламентарците и новинарите  за поголема отчетност и транспарентност.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    SJ: Закани кон мајката на српскиот новинар Ненад Кулачин дека нејзиниот син треба да биде обесен
    октомври 6, 2021

    Следен

    ОДГОВОР НА ПРЕТСТАВКАТА ОД СУПЕРТРЕЈД
    октомври 6, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?