• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и Собранието на РСМ на заедничка координација со пратеници за медиумските реформи

    ЗНМ и Собранието на РСМ на заедничка координација со пратеници за медиумските реформи

    • Категории Активности
    • Датум јули 13, 2021

    На иницијатива на претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), беше организирана работна средба со Претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери и на пратенички групи како и независни пратеници на теми поврзани со медиумските политики, медиумските реформи со акцент на регулативата. Медиумските реформи и неколку закони важни за работата на новинарите се од клучно значење за евроинтегративните процеси на државата, што се нотира и во последниот извештај на Европската комисија во кој што се вели дека „државата треба да направи напор за да се подобри независноста и професионалните стандарди на јавниот радиодифузен сервис и неговата финансиска независност“. Од друга страна се очекува транспарентен и правичен избор на членовите на телата во медиумскиот регулатор како и во МРТ и тоа врз основа на нивната стручност.

    На овој настан во своето поздравно обраќање Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски ја поздрави заинтересираноста и мотивираноста на присутните пратеници, координатори на пратенички групи, независните пратеници кои со својата присутност на овој настан изразуваат желба активно да партиципираат во дискусија за медиумските политики, и медиумските реформи во нашата земја. Чадиковски укажа дека Собранието потребно е да биде максимално транспарентно кон новинарите и медиумските работници и праксата Претседателот Џафери да има редовни брифинзи е добра и истата треба да биде и следена од страна на координаторите на пратеничките групи како и на сите пратеници. „Ова е прва средба од ваква природа која ја организира ЗНМ и преку ваквите настани се очекува да се подобри комуникацијата помеѓу пратениците и собранието но и да се крене свеста за потребата од квалитетни закони со кои се регулира работата на медиумите“, истакна Чадиковски.

    Во своето обраќање Претседателот Талат Џафери се заблагодари за поканата и ја пофали ваквата иницијатива на ЗНМ на која се дава можност заеднички да се продискутира за важните прашања што ги засегаат новинарите, сите чинители во целиот медиумски простор како и пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. „Собранието и јас сме секогаш отворени и достапни за вас, за граѓаните, за невладините организации и се разбира за меѓународните организации. Јас лично сум секогаш достапен за вас и вашите телефонски јавувања, без протоколи, без најави. Мораме да се фокусираме на евроинтеграциските процеси, јас би дополнил и со силни реформи во целиот медиумски простор, како седма сила која има исклучително голема моќ во градењето, насочувањето, аргументирањето или наводното ,,аргументирање” и потоа донесувањето одлуки кај пошироката јавност и неговото мислење.” – истакна Џафери.      

    Средбата беше проследена со конструктивна дебата во насока на дополнително подобрување на транспарентноста на Собранието посебно во услови на криза, како што е тековната пандемија каде поради здравствените мерки пристапот на новинарите кон работата на собранието беше ограничено.

    Потребна е постојана двонасочна комуникација, отвореност и достапност од сите учесници од Собранието и од страна на медиумите, со цел граѓаните секогаш да ја добијат точната и навремена информација беше еден од заклучоците од заедничката дискусија. Ова беше прва средба во ваков формат а од септември ЗНМ ќе иницира и организирање на регионална конференција со пратеници од Западен Балкан на која ќе се споделуваат компаративни искуства околу комуникацијата на националните собранија и новинарите и медиумите.  

    Настанот беше организиран во Скопје на 09-ти јули во рамките на регионалниот проект „Унапредување на дијалогот помеѓу новинарските здруженија и парламентите од Западен Балкан за посилен граѓански сектор” (Improving the dialogue between journalists’ associations and parliaments in Western Balkans for stronger civil society sector), финансиран од страна на СИДА преку проектот „Заштита на граѓанскиот простор – Регионален центар за развој на граѓанското општество“ во реализација на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN). 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Средба на новинарскиот форум при ЗНМ: солидарноста во фелата е предуслов за поквалитетно новинарство
    јули 13, 2021

    Следен

    Игнорирањето на повиците на линч за новинарите од Метаморфозис мора да престане
    јули 14, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    3.AJM_NL5 MK
    ЗНМ публикација: Упатство за етичко и професионално информирање за теми од судството
    30 март, 2023
    slika MK
    ЗНМ бележи негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2022 година
    29 март, 2023
    znm
    Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес
    28 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?