Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ и СЕММ со осуда за непримерниот наслов на ТВ Алфа

ZNM
Monday 26 August, 2019Monday 26 August, 2019/ Monday 26 August, 2019

Здружението на новинарите на Македонија се приклучува на осудата на Советот за етика во медиумите на Македонија за насловот кој беше објавен на ТВ Алфа. Имено, денешниот наслов во информативниот појас на ТВ Алфа „Зошто Владата на Заев се однесува “педерски“ кон Србија“ го сметаме за недолично, сензационалистичко и манипулативно информирање од страна на еден медиум, што е во спротивност со стандардите содржани во Кодексот на новинари на Македонија. Станува збор за класичен пример на непримерна комуникација со јавноста, а користењето вакви „етикети“ е спротивно на заложбите за ослободување на јавниот дискурс од хомофобични и дискриминаторни изјави кон ЛГБТИ заедницата.

Новинарите и медиумите мора да ја негуваат културата на говорот и етиката, а со користењето пејоративни зборови, дури и на симболичен начин, се продолжува со праксата на генерирање антипатија кон одредени групи во општеството и нивно погрешно сместување во негативен контекст.

Поради тоа ќе поднесеме претставка до Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, која е надлежна за надгледување на работата на радиодифузерите. Традиционалните медиуми имаат поголема одговорност во насока на квалитетно информирање на јавноста, што го исклучува служењето со манипулации и недоличен говор.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin