• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржаа летен камп за безбедност на млади новинари

    ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржаа летен камп за безбедност на млади новинари

    • Категории Активности
    • Датум јули 15, 2023

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 11-ти до15-ти јули 2023 година одржаа летен камп за млади новинари во Охрид. Темата на овогодинешната средба беше безбедност на новинарите во рамките на нивната работа.  

    Целта беше преку дружење и размена на искуства и практични вештини да придонесе кон градење на капацитетите и подобрување на севкупната безбедност на новинарите преку промовирање на подобра соработка меѓу колегите, споделување на локално искуство и подобро разбирање на родовите димензии на безбедноста.  

    На отворањето на летниот камп се обрати Алесио Ѕукарини, шеф на Одделот човекова димензија/в.д заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и истакна дека денес мора да се справиме со предизвиците со кои се соочуваат новинарите и онлајн и офлајн.  

    „Дигиталната ера донесе со себе нов сет на предизвици. Новинарите се соочуваат со зголемен број на дезинформации, сајбер напади и ерозија на довербата. Сепак, ние имаме способност да ги надминеме овие пречки. Со негување на дигитална писменост, практикување етичко новинарство и соработка со ИТ експерти, можеме да изградиме отпорен дигитален пејзаж каде вистината може да надвладее над лагата. Дозволете овој камп да послужи како платформа за вашиот развој додека учите, споделувате и работите заедно со вашите колеги новинари. Заедно, можеме да изградиме иднина во која безбедноста на новинарите е приоритетна, слободното изразување е заштитено и слободата на медиумите е загарантирана.“ 

    На отворање на кампот се обратни извршниот директор на Здружението, Драган Секуловски.  

    „ЗНМ и ОБСЕ имаат стратешка соработка во последните неколку години а овој камп за безбедност за новинари кој се организира втора година по ред има за идеја да стане традиционален настан. Новинарите кои се под 35 години ги сметаме за млади а тие се само стотина професионалци во секторот што навистина е загрижувачки. Преку вакви настани освен тоа што ЗНМ придонесува во градење на нивните капацитети ја поттикнуваме и меѓу редакциската соработка земајќи во предвид дека присутни се новинари од 20тина медиуми“ – кажа Секуловски. 

    За време на кампот, клучен акцент  беше даден токму на физичката и дигиталната безбедност за новинарите, професионалните вештини и знаењата за новинарската етика и улогата на новинарите во одбраната на човековите права користејќи темелни новинарски техники, нови пристапи и дигитални мултимедијални алатки, вклучително и оние развиени од Мисијата на ОБСЕ. Исто така, беа разговарани и последните измени на Кривичниот закон и Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда и што овие измени значат во пракса за работата на медиумските работници. 

    Во рамките на активностите кои беа предвидени во работниот дел на летниот камп, покрај едукативни презентации водени од искусни тренери, имаше и интерактивни работилници и работа во групи преку неформални средби и заеднички дружби каде што се разменија и практични искуства помеѓу предавачите и учесниците. 

    Во делот на едукативни презентации свои излагања имаа Димитар Димитровски од ОБСЕ, новинарите на ИРЛ, Сашка Цветковска, Давид Илиески и Александра Денковска Гоцевска како и новинарите од 360 степени, Среќко Поповски и Славица Филиповска. Свои излагања имаше и Милан Спировски од ЗНМ како и колегите Перо Момировски и Дарко Дуридански од ССНМ.  

    На кампот претставник од МВР со свое излагање беше Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи си јавност.  

    Учесниците исто така имаа можност да научат техники на физичка самоодбрана, кои во иднина ќе можат да ги користат доколку се најдат во опасност, а за учесниците беше изработена посебна програма од страна на колегата Бујат Саити, фасилитатор и аниматор.  

    Оваа активност е продолжение на соработката на ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје кои во претходните години заедно беа активни на теми поврзани со безбедноста на новинарите и градење на капацитетите на ЗНМ.

    Фото: ЗНМ

    Линк до галерија од фотографии од летниот камп 2023 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Анонимни предлози за затворање медиуми се притисок врз новинарството
    јули 15, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Заплашување на новинарите во Босна и Херцеговина и Албанија
    јули 18, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    26 септември, 2023
    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    Јавен повик за доставување на објавен новинарски текст/видео сторија на тема ,,Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија”
    26 септември, 2023
    381042531_244023364849313_5860258877227029406_n
    ЗНМ со свој претставник на конференцијата во Шведска насловена ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”
    21 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?