• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и КАС: Работилница за онлајн медиуми на тема – Дезинформации во онлајн медиумите

    ЗНМ и КАС: Работилница за онлајн медиуми на тема – Дезинформации во онлајн медиумите

    • Категории Активности
    • Датум март 8, 2023

    Од втори до четврти март во Струмица се одржа дводневна работилница во организација на ЗНМ и Фондацијата Конрад Аденауер со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – Практики и решенија“ на која учество земаа повеќе 30 онлајн медиуми од цела Македонија.

    За време на двата дена, од страна на предавачите Тоше Огњанов, мултимедијален новинар и предавач за мобилно и мултимедијално новинарство, Сефер Селими, основач и директор на Демокраси Лаб (Democracy Lab) и Горан Момироски основач и главен уредник на интернет порталот Ohrid News, беа обработени повеќе страни на оваа тема кои ги засегаат онлајн медиумите: дезинформации преку фотографии и видеа, проверка на вести и податоци преку мапи и визуелизации, дезинформации во онлајн медиуми – локален контекст.

    Во воведниот говор претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја поздрави соработката со КАС и ја истакна важноста од постоење и реализација на работилници од ваков карактер.

    „Треба да поттикнеме култура на транспарентност и одговорност во онлајн медиумите. Ова значи да бидеме отворени и искрени за нашите практики за известување и да обезбедуваме редовни можности за повратни информации и критики од нашата публика. Исто така, треба да бидеме спремни да ги признаеме нашите грешки и да преземеме чекори за да ги исправиме. Работејќи заедно за промовирање на етичките и професионалните стандарди во онлајн медиумите, можеме да се погрижиме вестите и информациите што ги даваме да бидат точни, праведни и со почит кон луѓето што ги засегаат “- кажа Чадиковски.

    На почеток се обрати официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, кој преку видео порака го сподели своето задоволство од заедничката соработка со ЗНМ и ги поздрави учесниците на работилницата. Тој во своето обраќање истакна:

    „Дезинформациите се дел од хибридната војна, која особено ја користат антидемократските режими и сили за дестабилизација на слободните општества. Затоа, новинарството мора да се води од критериуми за квалитет кои подразбираат проверка на вестите кои се пласираат. Во таа насока, од еднаква важност е и проверката на информациите во медиумите од страната на корисниците на тие гласила, односно мора критички да го преиспитаат потеклото на вестите и да знаат како да го сторат тоа, што исто така треба да биде една од целите на современото образование.“

    Тоше Огњанов, еден од предавачите, заедно со колегите дискутираше на темата „Лажни вести во социјалните медиуми – ботови и тролови – социјални медиуми – лажни профили.

    „Статистиките покажуваат дека дезинформациите се шират шест пати побргу од реалните вести. Најзагрижувачки е тоа што тие на секој можен начин нанесуваат штета кон општеството, кон луѓето, кон индивидуата. Радува што изминатите неколку дена имавме можност токму со медиумските работници да поразговараме на тема поврзана со дезинформациите, а особено за детекција и дешифрирање на визуелните дезинформации. Тоа што може да се заклучи дека кај македонските професионални медиумски работници постои висока свест и висока критичка мисла во однос на информациите што се пласираат низ онлајн просторот. Се надевам дека алатките за полесна детекција на визуелните содржини ќе им овозможат поефикасно препознавање и оттргнување на дезинформациите од медиумскиот простор“ – вели Огњанов.

    Горан Момировски се задржа на темата, но во локален контекст со цел да се направи паралела помеѓу трендот на светско ниво и кај нас.

    „Медиумите во новото време се исправени пред сериозни предизвици. Онлајн просторот е преполн со информации, но и со дезинформации кои доколку не се препознаат можат да предизвикаат големи последици. Затоа одговорноста на сите нас кои работиме во онлајн просторот е да се држиме до професионалните стандарди и етички норми во информирањето. Вистината и стандардите мора да бидат пред кликови, лајкови и статистики“. На работилницата се разви отворена дебата за суштинските проблеми и предизвици на медиумите во ерата на интернетот и социјалните мрежи, при што беше посочена важноста таа да продолжи. Дотолку повеќе што медиумските работници чувствуваат потреба од вакви обуки и средби на кои покрај размена на корисни информации, искуства и практики, ќе се разговара и за потребата од системски или еснафски решенија во насока на спречување и заштита од дезинформации во онлајн просторот што, не претставува само предизвик, туку и глобален проблем“ – заклучи Момировски.

    Како и неговите колеги, така и Сефер Селими се задржа на опасноста од дезинформациите преку реални примери презентирани во форма на кратки видеа и документарен филм кои предизвикаа интерес кај колегите новинари, присутни на настанот, по што следеше дискусија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Секцијата на сниматели при ЗНМ ги избра новите  координатори
    март 8, 2023

    Следен

    ЗНМ во Брисел ги пренесе барањата од новинарскиот протест
    март 8, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    slika MK
    ЗНМ бележи негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2022 година
    29 март, 2023
    znm
    Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес
    28 март, 2023
    10
    Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ за 2023 година
    27 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?