• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и КАС: обука за млади новинари – шанса за новата ера во медиумите заснована на интегритет и храброст

    ЗНМ и КАС: обука за млади новинари – шанса за новата ера во медиумите заснована на интегритет и храброст

    • Категории Активности
    • Датум јули 26, 2021

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со поддршка од страна на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), организираше тридневна работилница насловена како „Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание“.

    Во првиот дел од тро дневната работилница, свое обраќање имаше претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски кој ја истакна важноста на улогата на младите новинари во унапредувањето на стандардите на еснафот во државата. ,,Преку градењето на капацитетите и унапредувањето на условите за работа во редакциите како и подобрувањето на соработката на младите новинари со своите поискусни колеги во редакциите се потврдува стратешката цел на ЗНМ за поактивно вклучување на младите во креирањето на професионален амбиент за работата на новнарите”. – потенцираше Чадиковски.

    Поздравно обраќање имаше и извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски кој ја претстави и новата публикација која беше изработена во изминатиот период насловена како  „Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание“ (публикацијата може да се најде на македонски и албански).

    Во работниот дел кој беше спроведен во форма на дебатен форум, свои излагања имаа новинарката, ко-основач на Истражувачката Репортерска Лабараторија (ИРЛ) Сашка Цветковска и новинарката од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), Ана Петрушева.

    Сашка Цветковска од ИРЛ ја водеше сесијата за Истражувачки приказни и иновација во презентирањето – Од нула до производ: Концептот на ИРЛ/ПИОКК. Таа пред младите колешки и колеги зборуваше за практиктите кои ги има ИРЛ во напредно известување а по стандардите на Проектот заизвестување за организиран криминал и корупција – OCCRP како и за последните теми кои ги обработуваат како редакција а поврзани со висока корупција и злоупотреба на власт.

    Новинарката, Ана Петрушева ги сподели своите искуства од својата долгогодишна работа во новинарството посочувајќи на проблемите и предизвиците со кои се соочуваа и се уште се соочуваат новинарите и медиумските работиници. „Во ваков контекст, млади новинари има се помалку и многу редакции се соочуваат со сериозен проблем да најдат новинари. Затоа, овој тип на обуки се важни за младите новинари да добијат не само можност да слушнат искуства од други медиуми и историски преглед како се менувале работите, но и околу професионалните стандарди и црвените линии во професијата.“ – изјави новинарката, Ана Петрушева.

    Во вориот дел од работилницата на темата ,,Создавање на инфраструктура за аналитички вештини и Истражувачки техники и собирање на податоци; организирање на истражување – Meet Aleph” како гости говорници пред учесниците свои излагања имаа Давид Илиевски истражувач и продуцент во ИРЛ како и Лука Блажев, графички дизајнер во ИРЛ.

    Во третиот дел од работилницата, новинарот Среќко Поповски во својата презентација потенцираше дека ваквите работилници придонесуваат младите новинари да ги сфатат разликите меѓу т.н. обичното новинарство и продлабоченото. „Тие имаат можност да се запознаат со истражувачките алатки кои им стојат на располагање и за начините на кои тие се користат, но и за стандардите и начелата кои треба да се почитуваат при изготвувањето на таквиот тип теми. Она што е особено важно е дека тие имаат прилика да разберат дека фокусот на нивната работа не се тие, туку темата која ја работат.“- изјави новинарот, Среќко Поповски. На тридневната работилница од 22 до 24 јули во Охрид, учество земаа новинари/новинарки од повеќе редакции опфаќајќи ги традиционалните и новите медиуми.

    За време на работилницата беа споделени искуства за развојот на новинарството но и проблемите и предизвиците во новинарската професија. Тридневната работилница заврши со иницијатива за формирање на секција на млади новинари во рамки на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за што повеќе активности ќе следат во септември.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Продолжен рокот за конкурсот за авторски стории на тема: Слободата на изразување и унапредување на безбедноста и правата на новинарите и медиумските работници
    јули 26, 2021

    Следен

    SafeJournalists: Албанската полиција нападнала двајца новинари во Тирана
    јули 28, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    znm unesco
    Продолжен е рокот на повикот за пријавување за изработка на „Насоки за дефинирање на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во локален контекст“, преку студија на случај и препораки за поголема правна сигурност на новинарите и медиумските работници во РСМ
    2 октомври, 2023
    384329181_301424832623475_6275885479243937636_n (1)
    ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон
    27 септември, 2023
    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    26 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?