Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка

ZNM
Wednesday 12 February, 2020Wednesday 12 February, 2020/ Wednesday 12 February, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска потпишаа Меморандум за соработка, во кој централно место зафаќа блиската заемна соработка која треба да се интензивира во периодот кој следува.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека со Меморандумот ќе се створат услови за поблиска соработка помеѓу ЗНМ и ДЗР во насока на организација на заеднички работилници и активности со цел унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите, како и точното и навремено информирање на граѓаните. Сето ова беше со задоволство прифатено од главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски кој остави отворен простор и динамика за конкретна соработка меѓу двете институции.

Во Меморандумот се предвидува и заедничка изработка на анализи, истражувања и прирачници како и олеснет пристап до стручни материјали и литература во ДЗР и ЗНМ. Освен тоа, соработката предвидува и креирање на кампањи за осознавање на надлежностите, улогата и значењето на Државниот завод за ревизија.

Овој Меморандум е во насока на градење на партнерски односи со државните институции со цел подобро и поквалитетно информирање на граѓаните за теми кои се од особен јавен интерес.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: