• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и Гете – институт Скопје: Презентирани новинарски мултимедијални стории од социјален карактер

    ЗНМ и Гете – институт Скопје: Презентирани новинарски мултимедијални стории од социјален карактер

    • Категории Активности
    • Датум октомври 5, 2022

    Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Гете-институт Скопје во рамките на јавниот повик кој беше распишан минатиот период, одржаа промоција на новинарските содржини изработени од четири тимови со состав од по двајца новинари. Тимовите беа менторирани од страна на тричлено стручно жири составено од Анета Додевска, Филјана Кока и Теофил Блажевски.

    Фото: mia.mk

    Новинарите кои што ги изработија сториите се Магдалена Стојмановиќ и Бобан Јовановиќ од ТВ Сонце на тема „Како до успешна ресоцијализација на поранешните затвореници?“, Александра Максимовска дописник од МИА и Сузана Андоновиќ од Радио Бум на тема „Дискриминација на жените Ромки“, Александра Ристевска од ТВ Алфа и Виолета Кожинкова од ТВ 24  на тема „Селата во Источна Македонија без лекар“ и Теодора Цветковска од „Пина“ и Даниел Василев  од 360 степени на тема „Заштитени само на хартија – лицата со попреченост оставени сами на себе кога ќе останат без родител“ .

    На настанот се обратија Младен Чадиковски, претседателот на ЗНМ и Катрин Оствалд-Рихтер, раководителка на Гете-институт Скопје.

    Чадиковски во воведното обраќање ја поздрави реализацијата на конкурсот и нагласи дека потребно е да имаме повеќе активности од овој карактер со цел да се допрат темите кои не секогаш добиваат место во фокусот на јавноста.

    „Навистина ме радува тоа што сме заедно овде да ја проследиме промоцијата на новинарските содржини изработени од колешките и од колегите минатиот период во соработка со Гете институт Скопје. Ме радува од две причини: Првата е што станува збор за квалитетни содржини на кои се работеше со голема посветеност, за некоја минута ќе сведочите и сами за тоа. Втората причина е солидарноста меѓу колегите што впрочем беше една од целите на овој јавен повик кој го сработивме со Гете институтот Скопје. Темите на кои се работеше беа од социјален карактер, односно прашања кои се однесуваат на перцепцијата на општеството за личниот живот на луѓето. Честопати, сите ние како учесници во општеството знаеме дека постојат, но заради различни причини не успеваме да им го дадеме значењето кое го заслужуваат.“

    Катрин Оствалд-Рихтер рече „Денеска сме собрани овде затоа што дел од вас завршија одлична работа при документирање на социјалните прашања во вашата земја, да ги направите опипливи преку новинарски средства и методи. Бевме многу ентузијасти за темите избрани од страна на жирито и нацистина сме задоволни од резултатите. Би сакала да ја искористам оваа прилика искрено да се благодарам на Здружението на новинарите на Македонија, водачот на проектот и учесниците. Во секој случај, посакуваме да стигнат до што поголем  аудиториум!“

    Конкурсот беше распишан во месец јуни, а беше во врска со социјалните теми, односно прашања кои се однесуваат на перцепцијата на општеството за личниот живот на луѓето. Различни општества имаат различни перцепции и она што може да биде „нормално“ однесување во едно општество може да биде значајно општествено прашање во друго општество. Социјалните теми опфаќаат широк круг на теми и можат да бидат во доменот на јавното здравје, животна средина, права на лгбт заедницата како и на други маргинализирани групи, човекови права, теми од локален јавен интерес типични за рурални средини како и родова еднаквост.

    Изработените стории ќе бидат објавени на веб страната на ЗНМ на крајот на месец октомври.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите
    октомври 5, 2022

    Следен

    ЗНМ: Снимателите и новинарите заедно за кревање на стандардите на професијата
    октомври 8, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?