• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста

    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста

    • Категории Активности
    • Датум октомври 8, 2026

    Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) одржаа средба на која разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар, најавените промени во сопственичките структури на дел од медиумите, како и за прашањата поврзани со работењето на странските телевизиски канали во земјава.

    На средбата, претставниците на ЗНМ го истакнаа значењето на транспарентноста на медиумската сопственост, законитоста на работењето и обезбедувањето еднакви услови за сите медиумски субјекти, без оглед на потеклото на капиталот.

    Посебно внимание беше посветено на потребата од јасна примена на законските одредби што го регулираат работењето на странските телевизиски канали, вклучително и разграничувањето меѓу реемитувањето странска телевизиска програма и производството на програмски содржини во Македонија.

    Во разговорот беше отворено и прашањето за примената на новата листа на настани од големо значење за јавноста, усвоена од АВМУ, и можностите за обезбедување поширока достапност на спортските натпревари од национално значење за граѓаните.

    Од ЗНМ беше нагласено дека медиумскиот плурализам подразбира отворен пазар и конкуренција, но со јасни правила, транспарентна сопственост и почитување на законските обврски. Воедно, беше посочена потребата од поголеми инвестиции во домашните редакции, подобрување на условите за работа на новинарите и зајакнување на професионалното и независно новинарство.

    Во тој контекст, се разговараше и за потребата од воспоставување Фонд за медиумски плурализам, како механизам за поддршка на квалитетна, независна и професионална медиумска продукција, особено на содржини од јавен интерес. Ваквиот механизам би придонел за зајакнување на домашните редакции, поголема разновидност на медиумските содржини и подобри услови за развој на професионалното новинарство.

    ЗНМ ја истакна важноста на независното и транспарентно постапување на надлежните институции и на навременото информирање на јавноста за прашањата од јавен интерес.

    ЗНМ и АВМУ ја потврдија важноста на институционалната комуникација и соработката во насока на унапредување на медиумскиот плурализам, професионалните стандарди и заштитата на јавниот интерес.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    октомври 8, 2026

    Следен

    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    октомври 13, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    16_9 (7)
    ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите
    2 ноември, 2026
    shared image (53)
    Претставници на Здружението на новинари на Турција од Анкара во посета на ЗНМ
    30 октомври, 2026
    16_9 (5)
    Тренинг – академија за новинари и медиумски работници – од иницијатива до реализација 
    29 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?