Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ: Итна реконструкција во МРТВ, а не кратење на пари за јавниот сервис

ZNM
Monday 27 January, 2020Monday 27 January, 2020/ Monday 27 January, 2020

Здружението на новинарите на Македонија смета дека одлуката на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за финансирање на МРТВ со која се намалува буџетот на националниот јавен сервис за тековната година е опасен преседан. Имено, со предвидениот буџет за 2020 година на МРТ наместо 0,9% од буџетот повторно ќе и бидат префрлени помалку средства и според пресметките, нејзиниот буџет повторно би изнесувал околу 14,5 милиони евра. Според законското решение, буџетот на МРТ требаше скалесто да расте, односно оваа година требаше да стигне до 0,9%, а до година 1% од буџетот на РСМ.

Со ваквата одлука на МИОА се нарушува концептот на финансиска независност на МРТВ, кој е еден од двата предуслова за слободни јавни сервиси. Го потсетуваме Министерството дека нема дискреционо право да предвидува колку треба да изнесува буџетот на јавниот сервис и дека ова е пример за тоа како политиката директно влијае на начинот на работата на јавниот сервис преку неоправдано кратење на фондовите кои се предвидени со закон.

Бараме повлекување на ова решение за кратење на средствата, a со тоа и со избор на новите органи на управување ќе бидат исполнети двата предуслова за создавање на независен јавен сервис. Тоа ќе придонесе за реконструкција на јавниот програмски сервис и персоналниот состав во МРТВ.

Свесни за потребата за реформи во МРТВ ги повикуваме власта и опозицијата да преземат одговорност и доследно да ги спроведат медиумските реформи пред распуштањето на Собранието. Со тоа ќе се овозможат услови за позитивни промени во јавниот сервис, што би било од полза за јавноста и целата медиумска сфера.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin