ЗНМ: Институциите треба да имаат неселективен пристап кон медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска испрати допис до Министерството за здравство на РСМ во врска со вчерашниот настан во Здравствениот дом во Тетово, за време на посетата на заменик министерката за здравство Маја Манолева.
Имено, според информациите доставени до ЗНМ од страна на регионалната канцеларија на ЗНМ од Тетово, медиумите што известуваат на албански јазик не биле повикани на настан – изјава на која присуствувале Манолева и директорот на Здравствениот дом во Тетово-Жика Алексоски.
ЗНМ апелира до сите институции, вклучувајќи го и Министерството за здравство неселективно да ги повикуваат сите медиуми на јавни настани, со цел да се запази транспарентноста на институциите и информациите да стигнат до сите граѓани.
