• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ: Заканите кон Рами Мислими мора да добијат брза и ефикасна судска разрешница

    ЗНМ: Заканите кон Рами Мислими мора да добијат брза и ефикасна судска разрешница

    • Категории Соопштенија
    • Датум јули 15, 2026

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува сериозните закани по животот упатени кон новинарот на порталот „Тетова Сот“ Рами Мислими, за кои денес е поднесена пријава во Секторот за внатрешни работи – Тетово.

    Според записникот од МВР, по објавување на новинарска содржина и коментар поврзан со претседателот на Советот на Општина Тетово, Алби Камили, новинарот Рами Мислими најпрво бил телефонски контактиран од Алби Камили, кој, според пријавата, му упатил сериозни закани кон него, но и кон неговото малолетно дете, барајќи од него да ја избрише објавата на порталот и на социјалните мрежи.

    Според записникот од МВР се наведува дека подоцна, во непосредна близина на Општина Тетово, на Мислими му се приближило лице кое се претставило како брат на Алби Камили и, според пријавата, му упатило дополнителни закани, порачувајќи му дека „една камера нема да те заштити“.

    Ваквите закани претставуваат директен напад врз слободата на медиумите, правото на информирање и безбедноста на новинарите. Заканите упатени кон новинар поради неговата професионална работа, особено кога се насочени и кон членови на неговото семејство, претставуваат недозволив обид за заплашување и замолчување на критичкото известување.

    Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно, ефикасно и темелно да постапат по пријавата, да ги утврдат сите околности на случајот и да обезбедат соодветна кривична одговорност за сторителите.

    Потсетуваме дека со измените на Кривичниот законик, нападите и заканите кон новинари при вршење на нивната професионална дејност се третираат со засилена кривично-правна заштита, односно новинарите во овие случаи се изедначени со службени лица. Оттука, очекуваме институциите доследно да ги применат законските одредби и да испратат јасна порака дека заканите и насилството врз новинарите нема да бидат толерирани.

    ЗНМ внимателно ќе го следи развојот на случајот и ќе му ја обезбеди сета потребна правна и професионална поддршка на колегата Рами Мислими. Воедно, апелираме до сите носители на јавни функции, политички чинители и граѓани да се воздржат од говор на омраза, закани и притисоци кон новинарите и медиумските работници, бидејќи безбедноста на новинарите е предуслов за слободно, независно и професионално новинарство.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Секуловски во НСЕИ: Домашните институции навремено да побараат продолжување на програмите за слобода на медиумите
    јули 15, 2026

    Следен

    ЗНМ поднесе барање до МВР за итно постапување по заканите кон новинарот Александар Видиновски
    јули 20, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ: Осуда за повиците за насилство и заканите кон новинарката Милка Смилевска
    9 ноември, 2026
    169 (2)
    ЗНМ: Петти ботски напад врз „Слободен печат“, цензура без цензор
    14 октомври, 2026
    169-31-1536×864
    ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски
    13 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?