• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Драматичен пораст на напади кон новинарите – бараме итни решенија

    ЗНМ: Драматичен пораст на напади кон новинарите – бараме итни решенија

    • Категории Активности
    • Датум ноември 2, 2020

    По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите ЗНМ денеска одржа прес конференција на која претседателот и членовите на Управниот одбор на Здружението упатија неколку важни пораки.  

    Првата порака е упатена до јавноста и до политичките партии дека професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија.  

    Втората порака беше упатена до Основното јавно обвинителство со барање сите напади  и закани врз новинарите и медиумските работници итно да се процесуираат. На овој начин ќе се придонесе кон заштита на демократијата во земјава. 

    „Бараме во следниот период Министерството за правда да направи измени во Кривичниот законик. Со измените треба да се прошири надлежноста на обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади и закани на новинари и да се зголемат казните кон напаѓачите. Во исто време од Основното Јавно Обвинителство бараме да формира посебно одделение кое ќе ги гони напаѓачите на новинарите“, истакна Младен Чадиковски,  претседател на ЗНМ.

    Новинарите и медиумските работници играат клучна улога во нашата земја како чувари на јавниот интерес, а новинарската професија е важен дел на секое демократско општество. Оваа година споредбено со минатите, новинарите често се соочуваат со вербални и физички напади само поради вршење на своите професионални обврски, додека насилниците остануваат неказнети. Важно е да се истакне дека неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја лишува јавноста од правото да биде информирана. 

    Според статистиката на ЗНМ, од почетокот на оваа година до овој момент бележиме вкупно 14 напади и груби закани кон новинари од кои повеќе од половината се кон новинарки. Споредбено, минатата година вакви инциденти имаше четири што значи дека оваа година нападите и заканите се три пати повеќе. Иако физичките напади се намалени сепак загрижува фактот дека се повеќе закани по животот кон новинарите се забележуваат на социјалните мрежи. Во оваа насока, дополнителни напори треба да вложи и Министерството за внатрешни работи со санкционирање на сторителите, а за посериозните случаи да бара од ОЈО да покренува кривични постапки. 

    Креирањето на безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници е редовно нотирано во извештаите за Република Северна Македонија во извештаите на Европската комисија. Затоа Владата треба посериозно да го земе ова прашање во предвид и да ги поттикне засегнатите институции не само да ги решат случаите на нападнати новинари туку и да превенира нови во иднина. 

    ЗНМ останува на располагање да биде конструктивен партнер во подобрување на регулативата за овие прашања но и за подобрување на судската пракса во согласност на практиките на Европскиот суд за човекови права. Исто така, ЗНМ ги повикува и сите новинари кои биле предмет на закани и напади да пријават во здружението со цел да добијат бесплатна правна помош и истите да ги следиме како ќе бидат процесурани од страна на органите на прогон. 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Нема аргументи што упатуваат на прекршување на Кодексот во случајот ИДКНА против Коха
    ноември 2, 2020

    Следен

    Мрежа „Безбедни новинари“: 2-ри ноември - потсетување и предупредување од здруженијата на новинари во Западен Балкан
    ноември 2, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (80)
    Одржана Т-АЈМ обука за слобода на изразување, безбедност, истражување и етика во новинарството
    21 септември, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?