ЗНМ денеска оствари средба со претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Денеска, ЗНМ оствари средба претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата од страна на ЗНМ беа споделени деталите за новиот тренд на омаловажување на новинарството и новинарите, од страна на одредени онлајн портали со невистинити, омаловажувачки и клеветнички содржини. Конкретна цел на овие дискредитации без основа се кон новинарките од неделникот ФОКУС.
Од страна на ЗНМ беше истакнато дека ваквите омаловажувања и дискредитации кон новинарките на неделникот ФОКУС претставуваат напад врз слободата на известување и слободата на медиумите ќе бидат пријавени до сите домашни и меѓународни организации кои се бават со одбрана на слободата на изразувањето. Според укажувањата на колешките од Фокус, овие закани и лични оцрнувања се интензивирани во последниот период по серијата текстови на колешките за личности од бизнис и политичката сцена во Северна Македонија.
Покрај тоа што го осудуваме ваквиот начин на комуникација сакаме да ја потсетиме јавноста дека доколку сакаме да имаме функционална демократија потребно е високо ниво на слобода на говор и изразување, а такво нешто не може да се постигне доколку новинарите и медиумските работници работат под постојан притисок и уцени, бидејќи на тој начин единствено ќе се придонесе за создавање на атмосфера на страв и самоцензура.