• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон

    ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон

    • Категории Активности
    • Датум септември 27, 2023

    Измените на Кривичниот закон кои што беа усвоени во февруари 2023 предвидуваат поголема заштита на новинарите и медиумските работници при извршување на нивните професионални работни задачи.

    За таа цел, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера одржа дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници“.

    На настанот говорници беа Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавност, Искра Хаџи Василева, јавна обвинителка во ОЈО Скопје и контакт лице за координација во случаи каде што има повреда на права на новинари,  Огнен Јанески, новинар од ТВ 24, а од ЗНМ се обратија Драган Секуловски, извршниот директор на Здружението и Милан Спировски – виш проектен истражувач, а модератор на дебатата беше новинарката Рита Бехадини.

    Ангеловски се задржа на праксата и процедурите на МВР во насока на ефикасно постапување кон сторителите на кривични дела и улогата на МВР во гонење на сторителите кои ги прекршуваат правата на новинарите.

    „Соработката помеѓу МВР и ЗНМ значително придонесе за подобрување на резултатите во однос на случаите кога се нападнати новинари. Само за споредба, во однос на 2017 година кога имаше многу физички напади на новинари и многу нерешени истраги, сега 90% од случаите се решаваат за 2 до 3 часа од откако ќе бидат пријавени кај нас од страна на ЗНМ. Како примери ќе ги надевам, случајот со нападот врз новинарска екипа од Алсат минатиот месец и случајот со нападот врз снимател од ТВ 24 кога експресно беа најдени и приведени одговорните лица. Брзото пријавување и реагирање се услов за решавање на секој проблем, што пак придонесува кон поголема демократизација на општеството“ – нагласи Ангеловски.
    Фото: Киро Попов

    Обвинителката зборуваше на тема – обвинителско – судската пракса за примената на новите одредби во Кривичниот законик во контекст на новинарите и медиумските работници, посебно на напади кон жени новинарки:

    „Номинирањето на лице за следење на случаи кога се нападнати новинари е чин на обвинителството да се подигне свеста кај јавноста за значењето на слободата на говор. Имавме неколку случаи досега, но се уште е рано да се воспостави судска пракса и да се извлечат поуки и заклучоци кои би помогнале во подобрување на пристапот. Во однос на нападите врз новинари, новинарки и медиумски работници, процесот на решавање на случај со физички напад е полесно да се решава бидејќи има начин побрзо да се најдат докази, за разлика од вербален напад каде што има компјутерски криминал и е потребно повеќе време. Важно е да се пријави веднаш, за да може да се реагира веднаш и да се спречат нови напади во иднина“ – рече обвинителката.

    Новинарот Јанески ги сподели предизвиците со кои се соочуваат новинарите во секојдневната пракса како и искуствата на новинарите со органите на прогонот:

    Фото: ЗНМ

    Директорот на ЗНМ Секуловски зборуваше за досегашната работа на ЗНМ во контекст на постапување и алармирање за прекршување на Кривичниот законик во контекст на новинарите и медиумските работници, додека Милан Спировски ги сподели заклучоците и препораките од Индексот на безбедност на новинарите за 2022 година.

    „Македонија бележи скок во сите индекси за безбедност на новинари и медиумски работници токму поради фактот што измените на овој закон ги ставаат медиимските работници на една повластена положба и на тој начин се нудат системски решенија како тие да бидат позаштитени во вршење на својата работа. Тоа што нас ни останува како предизвик е да следиме како ќе се одвиваат истрагите и судските постапки во иднина со цел да се демотивираат напаѓачите да посегаат по интегиртетот на новинарите и медиумските работници, меѓутоа и да се намали трендот на напади, како и политиката на неказнивост“ – изјави Секуловски.
    Фото: ЗНМ

    Заклучоците беа дека од  особена важност е да се воспостави позитивна судска пракса со доследна примена на овие измени со цел правосудните органи да имаат проактивен пристап при заштита на правата на новинарите. Само преку функционален систем за заштита на новинарите може да се очекува дека ќе се демотивираат напаѓачите да се закануваат и да напаѓаат, а на тој начин да се осигура безбедна средина како основен предуслов за нивната работа.

    На настанот, покрај официјалните говорници, поканети беа  новинари кои што се дел од регистарот на напади на ЗНМ за 2023 година, како и колегите кои ја следат работата на правосудните органи.

    Настанот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на слободата на медиумите во Северна Македонија“ финансиран од Кралството Холандија и имплементиран од страна на холандскиот Хелсиншки комитет и Фри прес анлимитед (Free Press Unlimited) во партнерство со Здружението на новинарите на Македонија. Ставовите и  мислењата на учесниците на настанот нужно не ги претставуваат ставовите на Кралството Холандија, ниту на организациите што го спроведуваат проектот или на нивниот локален партнер

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    септември 27, 2023

    Следен

    Продолжен е повикот за поддршка за изработка на стручни авторски текстови на тема:  „Напади врз новинари и медиумски работници – неказнивноста и влијанието на SLAPP врз слободата на медиумите“
    октомври 2, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (3)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?