• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ во Брисел ги пренесе барањата од новинарскиот протест

    ЗНМ во Брисел ги пренесе барањата од новинарскиот протест

    • Категории Активности
    • Датум март 8, 2023
    Фото: ЗНМ

    Безбедни новинари и сниматели, крај на неказнивноста на напаѓачите врз новинарите, крај на агресивниот „ПР“ на Владата и на омаловажувачкиот однос на политичарите кон медиумските работници, итно формирање на фонд за квалитетни медиумски продукти, беа дел од темите што  претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги истакнаа за време на посетата на Европскиот парламент и Европската комисија во Брисел.

    Во периодот од 08-09 март, во Брисел претставници на ЗНМ имаа директни средби и разговори со пратеници од Европскиот парламент и вработени лица од Директоратот за проширување при Европската комисија на теми поврзани со правата на новинарите во Македонија и условите во кои работат медиумите.

    Како важни прашања за евроинтеграцијата на државата беа посочени неколку конкретни работи и тоа: законскиот контекст и (не)имплементацијата на медиумските закони, потоа економскиот статус на медиумите и новинарите како предизвик во вршење на нивната работа, трето прашања поврзани со безбедноста на медиумските работници и четврто можноста да се формира фонд за новинарски продукти.

    Фото: ЗНМ

    Претставниците на ЗНМ, Младен Чадиковски и Драган Секуловски и пратеникот Илхан Ќучук, кој е известувач за Македонија во Европарламентот  се согласија дека се потребни итни чекори за подобрување на состојбите, за што новинарската заедница, како што беше речено на состанокот има поддршка од Европарламентот. Ново донесените закони, што се важни за медиумските работници, како што е Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда и Законот за измена на кривичниот закон се позитивни чекори, но не смее да се дозволи да има уназадување во другите процеси важни за слободата на медиумите, беше истакнато на средбата.

    Се одржа и средба со претставникот на европската комисија Виктор Тилев, при што се оцени дека пред земјата стојат многу предизвици од аспект на новинарските прашања, во областа на сите теми што се наметнати.

    Европските претставници се согласија дел од овие барања да ги адресираат и како дел од идните активности на Брисел со Скопје.

    Посетата на ЗНМ беше во рамки на редовните активности на мрежата „SafeJournalists“, која застапува повеќе од 8.200 медиумски работници во Западен Балкан во која освен ЗНМ, членки се здруженијата на новинари од Белград, Приштина, Сараево, Загреб и новинарскиот синдикат од Подгорица.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и КАС: Работилница за онлајн медиуми на тема - Дезинформации во онлајн медиумите
    март 8, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Неприфатливи притисоци врз слободата на медиумите и новинарите во Република Српска
    март 10, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    381042531_244023364849313_5860258877227029406_n
    ЗНМ со свој претставник на конференцијата во Шведска насловена ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”
    21 септември, 2023
    znm-estima logo
    ПРОДОЛЖЕН Е ПОВИКОТ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ КАКО НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК  за градење капацитет кој ќе ги поддржи новинарите и медиумските работници подобро да се движат низ информациите кои потекнуваат од или се поврзани со авторитарни режими, особено Русија
    18 септември, 2023
    naslovna (7)
    ЗНМ и СЕММ со пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Фејсбук страната на Канал 5
    18 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?