Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ будно го следи случајот со МВР и новинарот Златев

ZNM
Wednesday 24 July, 2019Wednesday 24 July, 2019/ Wednesday 24 July, 2019

Денеска во просториите на СВР Скопје на претходна покана од МВР, новинарот Љупче Златев во присуство на правен застапник имал разговор со службени лица од  Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Според разговорот со колегата Златев, предмет на разговорот биле неговите претходни објави на онлајн медиумот каде што тој е уредник а поврзани со сомнежите за сторени кривични дела од страна на Генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски.

На разговорот во МВР, од Златев било барано да потврди дали тој е автор на овие објави како и да го открие изворот на објавените информации и снимки. Тој потврдил дека е автор но одбил да даде информација за својот извор.

ЗНМ потсетува дека Уставот на РСМ во членот 16 го гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање и ова право е загарантирано во Законот за медиуми како и во Европската повелба за заштита на човековите права. Истовремено, ретки се примерите во европските земји каде што за објавен текст кој индицира злоупотреби во системот, се повикуваат новинари да го кажат својот извор. Ваквата практика може да се толкува како притисок кон новинарите со што може да придонесе кон само цензура.

ЗНМ со особен интерес го следи овој случај и стои на располагање за бесплатна правна помош за новинарот Златев доколку истата е неопходна.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: