• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

    ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

    • Категории Активности
    • Датум мај 21, 2026

    На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    Од страна на претставник на медиумскиот регулатор беше посочено дека Владата, на седница, донела заклучок за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 105, став 1), со кои како основа за пресметка на средствата би се земала 2023 година, а не претходната година како што е предвидено во постојното законско решение. Ваквиот пристап може да има негативен ефект врз финансирањето на МРТ, МРД и АВМУ и директно да ја ограничи можноста за спроведување на најавените реформи.

    Секоја измена на законската рамка која има директно влијание врз финансирањето на јавниот сервис, радиодифузната инфраструктура и медиумскиот регулатор мора да биде транспарентна, образложена и подготвена со вклучување на сите релевантни чинители. Намалување на буџетската основа, без јавна расправа и без претходна консултација со Програмскиот совет на МРТ, АВМУ, МРД, новинарските организации и медиумската заедница, создава ризик реформите да останат само декларативна заложба.

    Стабилното и предвидливо финансирање е предуслов за независен, професионален и модерен јавен сервис. Без соодветни средства не може реално да се очекуваат нови вработувања, кадровско подмладување, дигитализација на архивата, технолошка модернизација, развој на нови платформи, подобрување на условите за работа и зајакнување на дописничката мрежа.

    Претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Давор Пашоски, на оваа седница ја истакна потребата од донесување нов закон за МРТ, ревидирање на Етичкиот кодекс, зајакнување на соработката со меѓународните организации и спроведување видливи реформи за унапредување на работата на јавниот сервис. Тој нагласи дека Програмскиот совет останува отворен за соработка со сите релевантни чинители, а токму одржувањето на оваа отворена седница е потврда на таквиот пристап и на заложбата за поширок професионален дијалог околу иднината на МРТ.

    Новиот директор на МРТ, Зоран Ристоски, пред присутните ги претстави клучните насоки од својата програма. Тој нагласи дека целта е да се врати нивото на јавниот сервис, посочувајќи дека без силен јавен сервис нема силни медиуми во државата. Ристоски укажа дека медиумскиот простор во Македонија во последните две децении е на ниско ниво и дека се потребни сериозни чекори за негово подобрување.

    Тој говореше и за предизвиците со кои се соочува МРТ, меѓу кои намалениот број на вработени, од околу 2.000 на околу 600, старосната структура на кадарот, како и условите за работа. Беше посочено дека е во тек финансиска анализа, а најавени се и мерки за зголемување на бројот на новинари, дигитализација на архивата на МТВ, развој на нова дигитална платформа, вработување млади кадри и организирање обуки за новинарите и другите вработени.

    На јавната седница се обрати и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, кој истакна дека МРТ треба да биде лидер, пример и партнер во реформите на медиумскиот сектор. Тој нагласи дека јавниот сервис треба да поставува стандарди за професионалност, технолошки развој, кадровски иновации и заштита на јавниот интерес, при што реформите треба да го зачуваат и дополнително да го развијат плурализмот на содржини што МРТ го има воспоставено низ годините.

    Чадиковски посочи дека ЗНМ постојано се залага за подобра законска рамка за функционирањето на јавниот сервис, вклучително и за отворање дебата за посебен закон за МРТ. Според него, во идните законски решенија треба јасно да се дефинира статусот на новинарите и креативниот кадар, кои не треба да се третираат како јавна администрација, бидејќи тоа го усложнува процесот на вработување и професионален развој. Тој ја нагласи и важноста од развој на мрежа на локални дописници со редовни работни договори и соодветна инфраструктура, како и потребата јавниот сервис да размислува и за дописници од странство, имајќи предвид дека ова е реална потреба која комерцијалните медиуми тешко можат самостојно да ја покријат.

    Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, предложи конкретни форми на соработка меѓу ЗНМ и МРТ. Тој посочи дека ЗНМ, во соработка со Македонскиот институт за медиуми, може да даде поддршка во проценка и унапредување на постојниот Етички кодекс на МРТ, како и да помогне во процесот на подготовка на новиот петгодишен стратешки план за работа на јавниот сервис.

    Секуловски најави и можност за организирање бесплатна обука за новинари на МРТ преку Тренинг академијата на ЗНМ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, како прв чекор кон подолгорочна и структурирана професионална поддршка. Воедно, информираше дека ЗНМ наскоро ќе упати покана до МРТ за вклучување во нова иницијатива поддржана од УНДП, насочена кон зајакнување на информацискиот интегритет и воспоставување поширока соработка меѓу институциите, медиумите и граѓанските организации.

    ЗНМ останува посветено на партнерски пристап и активна поддршка на реформите што водат кон силен, независен и професионален јавен сервис. Истовремено, ЗНМ укажува дека овие реформи не можат да се реализираат без стабилно, транспарентно и предвидливо финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, како и без отворен процес на консултации за сите законски измени што директно влијаат врз медиумскиот систем и јавниот интерес.

    Фото: ЗНМ

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Почина новинарот Живко Георгиевски
    мај 21, 2026

    Следен

    Заклучок по поднесена претставка од Борче Димитровски за објава на ТВ Тера
    мај 26, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?